(ВИДЕО) Голема турска свадба: Се омажи Ѓул од „Убавата селанка“ – во свадбеното видео ќе гледате со занес!

Убавата турска актерка Гизем Карча или попозната како Ѓул од серијата „Убавата селанка“, изминатиот викенд му кажа „Да“ на своето долгогодишно момче.

Гизем е од оние познати што не сокриваат речиси ништо од приватноста, па така и од својот голем ден ги откри сите детали на Инстаграм, од моминската, па се до чинот на разменувањето на прстените.

Ова е прв брак за 32 годишната актерка која се прослави преку серијата каде глумеше градска девојка која се адаптира во животот на село кај својата баба Султана.

(ВИДЕО) Новиот ривал на „Вљубениот ерген“ вечерва на Сител

Вечерва на Сител телевизија, точно во 21 часот, нова епизода од хит комедијата "Вљубениот ерген". Сега, кога вистината за "изнајмената" љубов е откриена, што следно преостанува да се случи?

Ќе може ли Омер да ја прости измамата што му ја направија неговата стрина и неговата сакана Дефне? Неговите мисли се сеуште кај Дефне, но во нивниот живот доаѓа еден нов лик, братучедот на Омер. Што ќе смени новиот лик и дали тоа е новиот ривал на Омер за срцето на Дефне ?

По 25 години, Шерон Стоун ја повтори легендарната сцена од „Ниски страсти“

Шерон Стоун има 59 години, но и понатаму го одзема здивот во краток фустан.

Кога во 1992 година, беше прикажан трилерот „Ниски страсти“, истиот предизвика огромно внимание, а сцената во која Шерон Стоун (59) ги прекрсти нозете влезе во историја.

Нема човек кој не се потсетува на легендарните кадри во кои секси Шерон го покажува меѓуножјето на шокираните полицајци.

Вака сцената изгледаше пред 25 години…

… А истата поза Шерон ја повтори на изложбата во Лос Анџелес.

ФОТО: Бред Пет ја замени Анџелина Џоли со 21 годишна девојка!

Бред Пит најде нова љубов. Актерот се среќава со 21-годишната актерка Ела Парнел која стана позната од филмот на Тим Бартон “Домот на мис Перегрин за чудесни деца”.

Актерката е доста помлада од Пит – цели 32 години, но тоа не е единственото изненадување. Прашањето е во тоа дека токму таа ја исполнува улогата на младата Малефисент – хероината на Анџелина Џоли и многумина гледаат сличности помеѓу двете.

Пит и Панел се сретнаа за време на кастингот на идниот филм “Свифтбитер” – филмување на книгата на Стефани Ланер. Пит е продуцент на проектот, а Ела е меѓу кандидатите за главната улога. Според Бред, таа била најдобра за улогата.

“Тој ја забележал веќе одамна”, пренесе извор на In Touch и додаде дека младата актерка многу се воодушевувала од вниманието на светски познати личности, а според нејзини зборови пред пријателите, тој секогаш бил број еден за неа.

Ела Персел ја започна својата кариера во 2008 година со улога во музичкиот оливер на Оливер! Во филмот, таа влезе во 2010 година со “Никогаш не дозволувај ми” со Кира Најтли.

Пред повеќе од една година, Бред Пит се раздели со Анџелина Џоли, која поднесе барање за развод по само две години брак, но долга врска.

Пред некое време бесе споделено дека судењето за развод е прекинато, но всушност ситуацијата останува нејасна за медиумите.

Популарно