Најпознатиот психолог за среќата и љубовта: Здрава личност не сака брак

Михаил Лабковски е најпознат психолог на Русија. Човекот кој некогаш звучи како циник, но знае што говори кога ги советува жените, родителите, луѓето кои имаат чувство дека нема да бидат среќни во животот. Во секој случај, никој не е рамнодушен на неговите зборови. Неговите зборови се засновани на „здрав цинизам“ и долгогодишно искуство.

1. Здрав човек не сака брак. Првата работа што треба да ја напрвите е да престанете да сакате да се омажите. Со други зборови, ако сакате да се омажите или ожените, треба да престанете да мислите на тоа.

2. Залогот за среќниот семеен живот, бракот и сексот со само еден партнер лежи во едно нешто, а тоа е стабилна психа. Без отстапки и компромиси, тоа е директен пат кон кардиолог или онколог. Кога човек има стабилна психа, тој може да живее со еден партнер цел живот. И да го сака.

3. Луѓето не се сакаат затоа што се фини. Парадоксот лежи во тоа што мажите сакаат жени кои се кучки.

4. Причината за женските проблеми не е во тоа што тој се однесува како јарец. Причината е во тоа што таа има неуроза која бара излез. А за тој излез е неопходен одреден човек и односи во кои таа би можела да пати. Поради тоа, таа намерно влегува во такви односи, бидејќи од детството има психичка потреба за тоа.

5. Ние ја мериме љубовта со нивото на болка. Во здравата љубов станува збор за тоа колку си среќен.

6. Здравите луѓе секогаш бираат нешто во своја кораст, а неуротичарите однос кој е во нивна штета. Во тоа е главната разлика.

7. Жената никогаш не би требало да толерира во врска тоа што не и се допаѓа. Треба да зборува за тоа. А ако мажот не се менува, треба да се разиде со него.

8. Мажите се како деца. Им се допаѓа кога жените има карактер.

9. Ако човек на друг човек му го заменува цел свет, тоа значи дека тој нема сопствен свет.

10. Осаменост – тоа не е недостаток на љубов. Тоа е отсуство на интересирање за себе, уште од детството.

ФОТО: Момче со рак во терминална фаза го теши својот брат

Фотографијата од 15-годишно момче со рак во терминална фаза како го теши својот расплакан брат стана вирална.

Во 2019. година, на тинејџерот Иан му бил дијагностициран остеосарком. По операцијата и неколкумесечната хемотерапија, дознале дека е излечен. Но, во ноември 2021. година, болеста се вратила и се проширила низ телото. На Јан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека ќе умре.

Кога Јан ја споделил страшната вест со својот помлад брат Питер, тој се расплакал и липал. Иан силно го прегрнал, да го утеши и му се извинил што не можел да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент меѓу двајцата браќа на Фејсбук ја објави Бенџамин Елиот од Орегон.

„Иан реши сам да им каже на своите пријатели и помалиот брат дека ракот неизбежно ќе го убие. Мислам дека оваа фотографија го покажува доброто за кое Иан сакаше и се веруваше дека ќе биде споделено. Дури и со катастрофални прогнози, Јан е тој што ги теши другите. Вистината е дека тој одбива да живее за себе. Избра да живее за другите до моментот кога ќе го земе последниот здив“, напишал Елиот.

Стотици ја коментирале фотографијата и признале дека сцената ги скршила.

„Мразам рак“, „Срцето ми е скршено“, „Неверојатен пример за љубов и понизност. Моите молитви се со ова момче и неговото семејство“, напишале некои.

Рецепт за денешен ручек

Рибина чорба

Одберете некое поголемо парче риба или две помали. Ако има во неа икра уште поубаво, ќе ја ставите и неа во чорбата. Рибата исчистете ја, пресечете ја на половина и ставете ја во тенџере со вода на оган, само да ја фати еден клуч, да можете да ја исчистите.

Потоа внимателно исчистете ја од коските. Tаму каде можете, на пр. од долниот дел оставајте поголеми парчиња, не ја ситнете многу. Тргнете го месото настрана. Кромидот изрендајте го и ставете го во тенџерето каде ќе ја варите чорбата.

Таму ставете го и другиот зеленчук. Јас секој од нив го сечкам различно, морковот на тркалца, целерот на ситни коцкички, пашканатот на подолги лентички, лукчето ситно исечкано. Сето ова со малку масло ставете го да се запржи. Потоа турете вода, компирот на најситно изрендајте го и ставете го и него, ставете ја рибата, зачинете и варете се додека не се свари зеленчукот. На крајот прелијте ја чорбата со малку црвена запршка, (ако не ви е доволно густа може и малку брашно да ставите во запршката) и исечкајте го магдоносот. Уживајте, ова ми е една од омилените чорби, особено во зимско време. 

Рецепт за денешен ручек

 Ручек со зелка.

СОСТОЈКИ:

1 главица кромид

1 праз

1 морков

2 чешни лук

1 кг. свежа зелка

1 коцка супа

1 лажиче оригано

2 лажици маслиново масло

1 л. доматно пире

2 л. вода

сол

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.

Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.

Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.

Се ставаат доматното пире и водата.

Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

Популарно