Каролина утре ќе се мажи!

Пејачката Каролина Гочева утре ќе се мажи, а веќе сè е спремно за свадбената церемонија која ќе се случи во Скопје, пишува Вечер.

На свадбата, покрај семејството, ќе присуствуваат и голем број колеги како што се Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Калиопи...

Избраникот на Каролина, Михаил Корубин, е ликовен уметник.

(ВИДЕО) Рада збесна поради сестрата на Момир и ја откри вистината за нивниот однос

Емотивната врска меѓу Рада Манојловиќ и Момир Гајиќ заврши во октомври 2015 година, но некои работи кои се кријат за вистинските причини за истата, се уште немаат излезено на виделина.

Рада и Момир раскинаа во октомври 2015 година, по 2,5 години љубовна врска, за која сите мислеа дека е една од најубавите и најстабилни на јавната сцена.

Рада, видно повредена во јавноста изнесе некои детали, но како што зборуваат доброупатените во целата приказна, нема изјаве се.

А поигурувањето со судбината и играта на случајност, го забележаа и репортерите, откако на аеродромот Никола Тесла, Рада се сретна со сестрата на Момир, Тијана со која никогаш не била во добри односи. Таа во разговор со пријателите, неколку пати изјавила дека Сестрата на Момир, влијаела на нивната врска.

Како што се зборува во јавноста, и овој пат Тијана се посомневала дека Рада намерно ја донела новинарската екипа на аеродром, нешто што го потврдува и Манојловиќ во својата изјава.

„Ни крива ни должна, доживеав непријатност од сестрата на Момир. Гледам дека не ги прележала тие децки болести, но нема врска, тоа е нејзина работа. Не сакам лицемерие. Ми ја продаваше приказната за тоа дека таа и нејиното семејство не сакаат да бидат предмет на жолтиот печат, а дека поради мене, тоа станале. Еднаш постираше на својот Инстаграм наша слика од славата, која сите портали ја пренесоа, и повторно јас бев виновна што пишуваше за мене“, вели Рада.

„Никогаш не ме ценела и почитувала. Мислам дека не сум достојна, јас сум една обична фолк пејачка, и тоа од село. Јас бев винвовна што сум жива. Таа е клралица, нека е жива и здрава“, објаснува Манојловиќ.

Видете ја и снимката од аеродромот Никола Тесла:

Пејачката била нападната од манијак – го фрлила микрофонот и избегала

Ана Бекута доживеала непријатност на концертот кој во саботата вечерта го одржа во Сава центарот.

Пред крај на настапот, кој за разлика од претходните години, траел нешто повеќе од еден час, пејачката била нападната од непознато момче.

Побегнала

Според зборовите на извор кој концертот го следел од првиот ред, помлад маж во видно алкохолизирана состојба скокнал на бината и агресивно тргнал кон Ана. Исплашената фолкерка кога видела како и се приближува момчето го прекинала настапот и побегнала зад пратечките вокали.

-Сите се прашуваа што се случува во моментот кога Ана наеднаш престанала да пеее. Потоа на бината го видовме мажот што ја бркаше. Бекута не знаеше што ја снајде. Видов дека се преплаши. Обезбедувањето скокна на насилникот и го фати за рака, а тој се обиде да се оттргне. Почна нешто да вика и да се заканува. Беше пијан и неконтролирано се однесуваше. Целата бина беше во шок, вели изворот.

Тој вели дека партнерот на Ана, Милутин Мркоњиќ најмногу се исплашил.

-Политичарот седеше во првиот ред и штом забележа дека пејачката престана да пее, знаеше дека нешто не е во ред. Полуде кога виде дека насилникот оди кон неговата партнерка. Скокна од столицата и викна обезбедување за да ја спаси Ана. Да можеше и тој ќе се качеше на бината. Беше многу бесен. Бараше веднаш да дознаат кој е тој чивек и да испитаат зошто почна да ја напаѓа неговата драга- вели изворот.

Пејачката и нејзиниот партнер не дадоа свој коментар за овие случувања.

Синан Сакиќ во критична состојба!

Синан се наоѓа во Клиничкиот центар во Тузла на интезивна нега.

Пејачот се наоѓа во критична состојба во Клиничкиот центар во Тузла, каде тим од 12 лекари се борат за неговиот живот.

Синан е на интезивна нега поради енцефалопатија на црниот дроб, а неговата сопруга Сабина Сакиќ преку Фејсбук се огласи со порака која е многу загрижувачка и ги растажи неговите фанови и заеднички пријатели.

„Драги мои, морам да ве известам дека Сакиќ е во тешка, по живот опасна ситуација. Професорот Нермин Салкиќ и конзилиум од 12 лекари со УКЦ Тузла се грижат за него. Се надевам дека ќе се молите за неговото здравје“, напиша Сабина покрај една фотографија на која се наоѓа тој и лекарот.

Да потсетиме, Синан на 3 јуни на Ташмајдан во Белград одржа голем солистички концерт. По тоа, тој уредно се појави во емисиите, а неколку пати даваше изјави за порталите. Велеше дека се чувствува добро, но сепак во септември е примен во болница во Тузла.

Тогаш рече дека брзо ќе излезе од болница, и дека нема причина за грижи.

„Драга фамилијо, пријатели, резултатите се ок. Немојте да се грижите, секој 6 месеци работиме на барање на проблемите. Ви се заблагодаруваме со целосниот персонал, докторите, сестрите и сите други. Утре одиме во Клиничкиот центар во Белград на дополнителни снимања“, беше наведено тогаш од страна на сопругата на Синан.

Популарно