Никој во Србија не го очекуваше ова

-Последен пат некој да ја види жива Јелена Крсмановиќ, а да не е член на семејството Марјановиќ, беше во петок 1. април во 17 часот и 30 минути, истиот ден можела да биде и убиена - вели Теодора Крсмановиќ, 19-годишната братучетка на Јелена.

Таа вели дека одлучила да ангажира приватни форензичари кои ќе го водат случајот.

Еден од интересните податоци е тоа што Јелена е можеби убиена порано од тоа што семејството Марјановиќ го има пријавено.

Крсмановиќ, семејството на Јелена тврди дека таа не е убиена на насипот, каде што е пронајдено телото.

Но, овој податок го фрла во сенка телефонскиот разговор на Јелена со својата мајка во кој Јелена рекла дека оди да се истрча, а после тоа ќе дојде кај неа на посета. Меѓутоа, сега не е познато дали мајката на Јелена навистина разговарала со својата ќерка или некој го симулирал гласот на Јелена.

Таткото на Зоран Марјановиќ вели дека во убиството е вмешан тајкунот, љубовникот на Јелена, но нејзината братучетка Теодора тврди дека такво нешто не е возможно:

-Невозможно е Јелена да била во врска со друг маж, бидејќи постојано беше дома и имаше обврски околу ќерката, беше семејна жена. Сите знаеја каде се движеше тие денови. Домот, градинката, во болница кај мајка ѝ. Апсолутно постојано беше со Зоран и никогаш не се двоеја. Дури и кога беше надвор од дома, постојано беше во контакт со него, а притоа ѝ ги читаше сите пораки, и на телефон и на Фејсбук - вели Теодора.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно