ФОТО: Се здебели до непрепознавање и се стегна во кратко и отворено мини

Иако со месеци води битка со вишокот килограми, на пејачката воопшто не и пречи да се стегне во тесно мини.

Мараја Кери веќе неколку месеци води битка со вишокот на килограми, но очигледно тоа не ја спречува да одбира облека која ги открива сите несовршености на нејзиното тело. 

Мараја била видена во Лос Анџелес заедно со момчето Брајан Танака. Краткото фустанче воопшто не и ласкаше на нејзините нозе. Тоа не ѝ било доста па одбрала фустан со длабок пресек кој уште повеќе ѝ ги открил облините.

Иако фустанот делува дека ќе пукне во секој момент, Мараја им се смешкаше на папараците и ни за секунда не ја испуштила раката на Брајан бидејќи очигледно имала проблем и со превисоките потпетици.

Алек Болдвин ја искоментира сликата на ќерка му

Ќерката на Алек Болдвин, моделот Ајрланд Бесинџер Болдвин на Instagram објави провокативна фотографија од себе во црно бикини на мотор.

„Не. Едноставно… не!“ – гласеше коментарот на Алек.

Инаку познато е дека популарниот холивудски заводник, и неговата ќерка од бракот со глумицата Ким Бесинџер, не се во најдобри односи.

Опра Винфри во Дубровник

Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра Винфри, со неколку пријатели се одмора на луксузна јахта во Дубровник.

Таа во Хрватска допатува со нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг, дизајнерката Дајана фон Фурстенберг и почесниот претседател на модната куќа „Валентино“, Опра Винфри и Џанкарло Џамети.

Токму Џамети откри каде се наоѓаат со тоа што на Инстаграм објави фотографија од крстарењето.

– Во Дубровник со прекрасна жена, која со гордост ја нарекувам пријателка – напиша тој под заедничката фотографија со Опра.

Фотографија од дружењето низ Дубровник објави и дизајнерката Дајана фон Фурстенберг со коментар: „Попладневна прошетка низ Хрватска“.

Според податоците на „Форбс“ богатството на Опра Винфри се проценува на четири милиjарди долари, Дајана фон Фурстенберг поседува 1,2 милиjарди, додека уредничката на списанието на „О“, Гејл Кинг, има околу 25 милиони долари.

Податоците за богатството на Џанкарло Џамети не се познати, но се прeтпоставува дека поседува околу 1,5 милијарди долари. 

Кијану и јас сме во брак веќе 26 години

Американската актерка Винона Рајдер смета дека е во брак со колегата Кијану Ривс веќе 26 години. 

Додека ја промовирала новата романтична комедија Destination Wedding, во која игра со Кијану Ривс, таа открила дека имала вистинска свадба со него во 1992 година, за време на снимањето на филмот “Дракула”.

Актерите играле заедно во хорор филмот, а нивните ликови, Мина и Џонатан Харкер, се венчале според сите црковни правила во грчка православна црква во Лос Анџелес.

– Навистина, се колнам, мислам дека ние сме навистина во брак. Во таа сцена, Френсис (режисерот на Дракула) користеше вистински свештеник, кој ја спроведе целата церемонија. Мислам дека сме во брак, рече Винона.

 Дека на венчавката се почитувале сите црковни правила потврдил и режисерот Френсис Форд Копола.

– Тоа беше многу автентично, церемонијата беше прекрасна, и имавме вистински свештеник за тоа да го спроведе. Така, кога се заврши, сфативме дека Кијану и Винона се навистина во брак, како резултат на сцените и свеченоста, коментира тој.

Тогаш Рајдер имала само 21, а Ривс 28 години.

Популарно