ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА: Почуствувајте ја атмосферата на свадбата на Каролина и Михаил

Најголемата музичка ѕвезда на македонското естрадно небо, Каролина Гочева и Михаил Корубин го изговорија судбоносното „ДА“ на магична церемонија која се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“, во близина на Скопје.

37-годишната македонска ѕвезда изгледаше шармантно во венчаница со чипка.

Бројни македонски ѕвезди, меѓу кои Елена Ристеска, Калиопи, Тамара Тодевска, Владимир Блажев – Панчо, Александар Дадар и Весна Петрушевска, славеа заедно со среќните младенци.

„Михо и Керол од денес па натаму започнува вашата вистинска и најубава животна приказна, само што вие сами ќе си ја направите да трае и да ви е најубаво на свет.. само вие двајца и никој друг не е важен... СРЕЌЕН БРАК!!!“ – напиша Елена Ристеска во описот на фотографија со убавата невеста од свадбата.

ФОТО: Брат Љубе ги пречека Аки и Чола

Познатите балкански музичари Здраво Чолиќ и Аки Ракимовски му дојдоа на гости на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во вилата во Хрватска. Тој ги пречека познатите пејачи со црвено вино во својата вила „Лав“, во местото Бале, кое се наоѓа во близина на Фажана, од каде се оди до националниот парк „Бриони“.

Освен со црвено вино, дружбата ја зачиниле со грозје и смокви од плантажата на Бошковски, која се наоѓа веднаш зад неговата вила.

Лепа Брена за Скопје: Градот ми е во срцето

Лепа Брена поранешната југословенска фолк пејачка дефинитивно важи за една од најпопуларните пејачки во регионот, а често знае да каже дека го обожава Скопје и Македонија и дека тука се чувствува како дома.

Таа за  Вечер раскажа за времето кога живеела во Скопје.

- „Со задоволство го памтам тоа време. Македонија ми е во срцето. Само што денес Скопје не можам да го препознам, многу е сменето, многу е изградено, па и самата таа “Водњанска” по која се движевме воопшто не ми е иста, вели Лепа Брена за Вечер.

ФОТО: Мустафа Сандал каков што сеуште не сте го виделе

Сопругот на популарната пеачка Емина Јаховиќ во центар на внимание на светските медиуми.

Популарниот турски музичар Мустафа Сандал на домашната јавност е познат поради разводот со пеачката Емина Јаховиќ, со која има два сина, Јемен и Јавуз.

Тие неодамна ставали точка на својот долгогодишен брак, но сепак останале во добри пријателски односи поради синовите.

 

Çifte güneşli gezegen kalbim:)

A post shared by Mustafa Sandal Official (@mustafasandal24) on

Сега Мустафа предизвика големо внимание на социјалните мрежи, особено меѓу припадничките на понежниот пол, објавувајќи жешки фотки од летување.

Многумина можат да му позавидат на совршената градба на телото. Мустафа има 48 години и доста вложува во својот изглед.

 

Şimdiden iyi hafta sonları canlar💫

A post shared by Mustafa Sandal Official (@mustafasandal24) on

Популарно