ВИДЕО: Секс сред продавница!!!

Британски пар сакал да го испроба брачниот кревет пред да го купи.

– Ова е најдобриот секс кој сум го имала, рекла жената која со своето момче завршила што требала.

Меѓутоа, тие на крајот сепак не го купиле креветот, затоа што бил премногу скап, а продавачите ги исфрлиле од продавницата.

(ВИДЕО) Девојка го побара за маж своето момче во трговскиот центар

Девојка среде трговски центар во градот Лагос во Нигерија го побарала за маж своето момче. Таа клекнала пред него и му го поставила прашањето дали ќе се ожени за неа.

Настанот, кој бил снимен од страна на случајните минувачи, остана забележан поради тоа што девојката дознала дека момчето немало намера да застане покрај неа пред олтарот.

Што точно ѝ шепнал на уво, веројатно, ќе остане засекогаш непознато, но горчливите солзи што следуваа не оставија простор за погодување, барем што се однесува до исходот.

Дали можеби се посрамила со тоа што му ја побарала раката на јавно место, или можеби ја преценила длабочината на нивниот однос или, пак, дали неговото срце му припаѓа на некоја друга жена, се едни од низата логични прашања, но најважниот одговор што го доби од него гласеше – не!

Гледајте:

ВИДЕО: 18 годишна манекенка ја продава својата невиност

Инспирирана од многу девојки кои ја продаваат својата невиност, 18 годишната девојка од Италија која се претставува како Никол, иако тоа не и е правилното име, одлучи да ја продаде својата невиност, а како што вели веќе понудата од милион евра ја има.

За неа невиноста била нешто драгоцено и за овој чекор се одлучила пред 2 години.

„Сакам добра едукација, почнав да барам начини како да ги финансирам моите студии, па најдов многу девојки што ја продаваат својата невиност. Одлучив и јас да го направам тоа, а со парите ќе им помогнам на моето семејство. Многу мажи се заинтересирани за мене, а најголемата понуда моментално е милион евра“ вели таа.

Покрај едукацијата со дел од парите сака да купи куќа за своите родители.

Идеален секс за НЕА и НЕГО

Многу среќни парови тврдат дека сексот е „барометар на врската". Оние кои имаат проблем со тоа, не ги жалат парите за да го решат со помош на скапи совети од сексуални терапевти.

Повеќето луѓе сметаат дека совршениот секс подразбира ерупција на задоволство и повеќекратни оргазми, но вистината е многу поразлична од ваквите тврдења.

Експертот за емотивни врски и сексуален терапевт, Џејмс Прис, вели дека идеалната сексуална врска е многу помалку возбудлива од се' што пишува во специјализираните магазини или се прераскажува.

„На почетокот од врската, партнерите најпрво експериментираат, обидувајќи се да сфатат што е она што им се допаѓа и им создава обострано задовоство. Сексот еволуира со тек на време и станува подобар како што врската напредува. Така љубовниците се запознаваат и сфаќаат што е тоа што ги возбудува. Исто така, тие дознаваат и што е тоа што не им се допаѓа, за што фантазира партнерот и како да му ја предизвикаат сексуалната желба", вели Прис, пренесува „Daily Mail".

Времето поминато во врска и од најдобриот секс создава рутина, но тоа не треба да се доживее претерано трагично. Полека, но сигурно од квантитетот се издвојува квалитет, па сексот во совршените врски не мора да биде почест од два пати неделно.

„Дури и ако фреквенцијата на сексуалните односи се намалува, тоа не треба да се припишува како криза во врската или недостаток на привлечност. Врз фреквенцијата често влијаат и уморот кој доаѓа со долгото работно време, па многу од паровите не стигнуваат подалеку од галење пред телевизорот", вели Џејмс Прис.

Како една од причините за намалување на сексуалната активност, Џејмс го наведува фактот дека сексуалната желба кај двајцата партнери најчесто се појавува симултано. Ако некој од нив е нерасположен, тешко е да се очекува дека другиот партнер сеедно ќе ужива во сексот.

„Нормалниот сексуален живот не мора да значи било што што е претерано или пренагласено. Сепак, паровите би требало да одвојат доволно време за секс, бидејќи сепак тој е важен фактор за секојдневната среќа во врската", заклучува Прис.

Популарно