Омер раскина со Гузепе Озај - причината е Дафне!

Турските медиуми пишуваат дека Бариш Ардуч ја раскинал свршувачката со Гузепе Озај. Таа не се појавила ни на сетот на снимањето на новата турска серија „Делиха2“ . Причината наводно била нејзината љубомора поради новиот филм кој актерот, познат како Омер од серијата „Изнајмена љубов“, го снима со неговата колешка Елцин Сангу (Дефне од серијата) насловен како „Те молам не оди“. Во новиот филм тие ги играат улогите на вајарката Ада и богатиот Мер, и повторно се вљубени.

Кавгата почнала уште кога Бариш прифатил да снима, па наводно, цела ноќ се расправале во станот во кој живеат.

„Ако снимаш пак со таа кучка, заборави на мене“, викала Озај, по што актерот си отишол од станот. Турските медиуми пишуваат дека актерката сè повеќе ја погодувале заедничките фотографии на Омер и Дефне од сцените од снимањето на филмот.

ВИДЕО(18+): Ужасни грешки при снимање на порно филмови

При снимањето на секој филм, нормално е актерите да направат по некоја грешка, па така [email protected] решија да ги почастат своите фанови, правејќи компилација од грешки при снимање на нивните филмови.

Сигурни сме дека ќе сакате да знаете како изгледа додека се снимаат филмови за возрасни.

Се гледа дева воопшто не е лесно.  [🙂]  Во продолжение погледнете го видеото.

(ФОТО) Каде се и како изгледаат Марија и Боба од „Жикина династија“?

Речиси да не постои личност која израснала во некоја од земјите на поранешна Југославија, а не ги гледала филмовите за младата двојка која се бори за својата љубов покрај сите препреки во „Луди години“.

Ви се допаѓа филмот или не, едно е сигурно, сигурно сте ги запаметиле Марија и Боба, незаборавните ликови од југословенската кинематографија.

Улогата на Марија ја играше Раилда кадриќ, која неочекувано ја добива улогата.

Младата актерка тогаш се откажала од многу успеси во кариерата, па во 90-тите се сели во Лондон, каде извесно време работи како водител на Гласот на Америка, денес изгледа вака:

Владимир Петровиќ, актерот кој го играше Боба, е роден Белграѓанин и денес живее во српската престолнина.

Има две деца и се занимава со маркетинг, а во една прилика изјави дека баш поради филот „Луди години“ не успеал во актерството.

Тој денес е толку сменет што главно луѓето не го препознаваат, се додека не му го слушнат гласот.

Бившиот сопруг на Анџелина Џоли: „Се разведовме само поради оваа причина“

Били Боб Торнтон, бившиот сопруг на Анџелина Џоли, изјави дека времето поминато во брак со Анџелина Џоли му било прекрасен период од животот.

„Таа уште е моја пријателка, прекрасна личност која има направено многу добри работи“, изјави актерот во врска со славната актерка и режисерка Анџелина Џоли, со кој беше во брак од 2000 до 2003 година.

Тој додаде дека се восхитува на нејзините филмови, а за списанието People 62-годишниот Торнтон одлучи да открие детали од нивниот турбулентен брак кој редовно го привлекуваше вниманието на медиумите. Најпознат детал од нивниот брак беа приврзоците со нивна крв кои тие ги носеа околу своите вратови, за кои Торнтон објаснува дека таквата идеја им дошла спонтано и дека целата приказна не била толку бомбастична колку што ја напумпале медиумите.

„Го прикажуваа тоа како околу вратовите да носиме канти со нашата крв“, изјави тој.

Били ја откри и, како што рече, единствената причина поради која пропаднал нивниот брак: „Имавме различни животни стилови, таа беше спремна за слава и јавни појавувања, а јас со мојата извесна агорафобичност, си го сакав својот затворен свет без луѓе. Тоа е единствената причина поради која не останавме заедно“, објасни тој.

Популарно