ФОТО: Водителката Елена си фати богато момче?

Македонската ТВ-водителка Елена Стефановска сè почесто можеме да ја видиме во друштво на Душко Чифлиганец, син на бизнисменот и филантроп Ванчо Чифлиганец.

Елена и младиот бизнисмен често објавуваат заеднички фотографии од вечерните излегувања. Последен пат беа видени како се забавуваат на роденденската журка на пејачката Ања Ветерова, со што ги поттикнаа озборувањата дека се во романтична врска.

ФОТО: Познати и убави Македонки кои облекоа венчаница, но не се омажија

Саемот за венчавки, што се одржа од 23 до 25ти Февруари, е извонредно место за решавање на сите свадбени потреби и идеи. Педесеттина изложувачи од сите свадбени категории ќе ви ги претстават најновите свадбени трендови, а свадбената шопинг-картичка ќе ви овозможи и голема заштеда при набавката на сите потреби за вашата свадба, пишува порталот Убавина и здравје.

Како и на минатите саемеи така и на овој венчаници носат и наши многу познати дами, па од таму и идејата кои се наши дами носеа венчаници, а се’ уште не „заиграа“ на сопствената свадба.

Кошаркарката Едина Муса, водителката Марјана Станојкивска, Ведрана Ѓорѓевиќ и поп-пејачката Викторија Лоба се дел од нашите познати дами кои неколкупати се облекоа во венчаници само да продефилираат на модните писти.

Се надеваме дека оваа година и ти ќе го кажат судбоносното ДА.

Најпосакуваната жена на светот го запроси момчето, но тој ја одбил!

Жената која според анкетите направени на мажи, го има иделното тели, Кели Брук изјави дека го запросила својот долгогодишно момче Џереми Париси, а дека тој ја одбил. За разлика од повеќето жени кои со месеци чекаат партнерот да ги запроси, Кели Брук одлучила работите да ги преземе во свои раце.

Таа ја прекршила традицијата, која налага дека мажот треба да го постави познатото прашање, па одлучила да го запроси своето момче Џереми Париси, но тој ја одбил.

Акгерката за магазинот “OK” раскажа како нејзиното момче ја замолчил додека му го поставувала прашањето, односно да на го прави тоа во јавност. “Кога бевме во Антигва, гледајќи го зајдисонцето го запрашав Џереми дали сака да ме ожени, но тој ми рече да бидам потивка, бидејќи има луѓе околу нас”, откри Кели.

Иако убавата глумица објасна дека сака да има деца, тие сè уште не се приоритет во нејзиниот живот.

“Па што ако немам деца, не е крај на светот. Го сакам својот живот и би морала да се откажам од многу работи за да имам деца, така што тоа не е ми во прв план”, рекла Кели и истакнала дека ѝ е жал поради тоа што не била млада мајка.

Кели Брук и нејзиното момче, италијанскиот манекен и фитнес тренер Џереми Париси се заедно две и пол години, а првиот контакт се остварил кога Кели побарала совет од него за вежбање.

Во една прилика, Кели открила дека таа е “многу сакана и дека работите со Џереми одлично се одвиваат”.

Има милиони и позната е во целиот свет, а не завршила ни средно!

Џенифер Лоренс подигна многу прашина во јавноста кога ја откри причината поради која никогаш не завршила средно училиште.

Добитничката на Оскар призна дека „никогаш не се чувствувала мудра” и дека имала тешкотии во учењето.

„Меѓутоа, секогаш кога го читав сценариото, ми беше лесно да замислам како се чувствува тоа лице”, рече таа.

Лоренс, која одлучи да го напушти училиштето кога имала само 14 години, рече дека не се кае за нејзината одлука, објави австралискиот портал News.

Популарно