(ВИДЕО) Славниот фудбалер Мауро Икарди во јавност ја понижи својата сопруга

Фудбалерот и капитен на Интер, Мауро Икарди, ако судиме според видеото кое стана вирално на интернет, во најмала рака е маж со хирови.

Со своето непримерно однесување кон сопругата во јавност, Икарди предизвика голем негативен публицитет. Јавноста едноставно не може да поверува како фудбалерот се однесува кон својата жена пред други луѓе.

Икарди и Ванда беа на еден јавен настан кога фраерот ладнокрвно ја одби прегратката од својата сопруга која насмевната се обиде да го гушне.

Инаку, тие двајца пред неколку години се најдоа во центарот на љубовен скандал кога Икарди буквално му ја украде Ванда на својот некогашен најдобар пријател Макси Лопез, додека заедно играа во Сампдорија, а Ванда беше девојка на Лопез.

(ВИДЕО) Кој и зошто ги „изнајмил“ хулиганите од Сплит? На крајот, баш Хрватите најмногу настрадаа

Фракцијата „Вандал Бојс“ решиле да увезат тепачи од Хрватска, за да може да ја превземат власта на трибината од групата „Алкатраз“

Навивачката фракција „Вандал Бојс“ патентираа нов начин за тепање на трибините, увезувајќи тепачи од Хрватска за да може да ја добијат „битката“ за превласт на Јужна трибина, каде што се најверните навивачи на Партизан. 

Во тепачката на „Југ“ учествувале дури шестмина хрватски државјани, кои специјално за дербито против Црвена Звезда пристигнале во Белград. Интересно е тоа што тие шестмина дури и воопшто не биле навивачи и не ги интересира фудбалот. Се работи за кик-боксери, како и луѓе кои работеле како обезбедување. 

Сите овие требало да им помогнат на навивачката фракцвија „Вандал Бојс“ во обидот да се превземе превласта на трибината од актуелните владители „Алкатраз“. Сепак планот не испадна како што посакувале. Во тепачката најлошо поминале А.Ф. и Д.Т. двајцата 26-годишни од Сплит, кои едвај спасија жива глава. Д.Т. бил познат боксер кој едно време бил и првак во Хрватска. Потоа решил да се префрли во ММА борбите. 

И покрај тоа што добро ги познавал борачките вештини, тоа не му помогнало да се спаси од многу поголемиот број на навивачи на Партизан, предводени од фракцијата „Алкатраз“. На Д.Т. му биле искршени речиси сите заби, а му биле откинати и делови од увото и од носот. Вториот повреден, А.Ф. има нагмечување на мозокот, контузија на главата, тешка повреда на раката... Двајцата повредени воопшто не ни биле навивачи, но затоа А.Ф. кој бил познат како „бодигард“, бил претходно познат на полицијата во Хрватска, поради тепачки и други насилства. 

Прашање е како еден ММА борец и „бодигард“ од Хрватска завршиле на трибината кај што се најверните навивачи на Партизан. Стотина хулигани од фракцијата „Вандал Бојс“ сакале на овој меч да ја превземат власта на трибината, па побарале помош и од надвор. Освен Хрватите, тие активирале хулигани и од Грција и од Бугарија. 

Нападот се случил организирано, кога хулиганите на „Вандал Бојс“ со засилувањата од странство почнале да тепаат се што им е при рака на трибината. Стигнале до половина од трибината, кога се расчуло дека се работи за „Делии“, па навивачката група на „Алкатраз“ поддржана од сите останати фракции, решија да направат контра напад.

Многу побројните навивачи на Партизан успеаа да ги потиснат напаѓачите и започна бруталното тепање, а најмногу настрадале токму Хрватите. Идејата на „Вандал Бојс“ за тоа со изнајмени хулигани да бидат главни на „Југ“, заврши неславно.

На крајот вкупно 26 лица биле повредени, а се споменува дека еден од повредените е и Македонец. 

(ВИДЕО) Шведските ракометарки со секси танц го запалија интернетот

Ракометарките на Шведска се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство откако ја победија Словенија со 33:21.

Швеѓанките покажаа убедлива игра на теренот и заслужено се пласираа во четвртфиналето, но многу повеќе воодушевија со она што го направија во соблекувалната.

Имено, тие пласманот меѓу осумте најдобри го прославија со секси танц. Нивната одлична кореографија набрзо стана хит на интернет и го воодушеви целиот свет.

 

Vi är i kvartsfinal! Heja Sverige! #handbollslandslaget #handboll #handball #germany2017 #simplywunderbar #sverige #vm2017 #zumbasabbe

A post shared by Handbollslandslaget (@handbollslandslaget) on

Популарно