Четири години затвор за Панче Ангелов

Четири години затворска казна за Панче Ангелов, кој ја кубеше и ја повреди министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за време на крвавите насилства во Собранието на 27 април, одлучи Основниот суд Скопје 1.

Ангелов на претходното судско рочиште призна вина и побара од судот да има разбирање за него, бидејќи, како што кажа, живее сам и ако оди во затвор ќе нема кој да му помогне. За делото Насилство, за кое е осуден, предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.

„Разбрав за што сум обвинет, се чувствувам виновен за кривичното дело. Го признавам во целост како што е напишано во обвинителниот акт. Доброволно, без присила од кого било, при потполна свест. Се извинувам кон целата јавност за тоа грозомормно дело што го направив и им се извинувам на оштетените во оваа кривична постапка. Не ми беше целта да ја повредам, туку да ја тргнам настрана, но во тоа тргање можеби употребив повеќе сила. Искрено се каам за стореното дело и се надевам дека судот ќе има разбирање за мене и ќе ми одреди поблага казна, бидејќи живеам сам и доколку одам во затвор нема кој да ми помогне“, кажа Ангелов на минатото судење, кое практично беше единствено и завршно.

Обвинителката потоа рече дека тоа што обвинетиот го признал делото е потврда за доказите кои што биле приложени на судот и додаде дека признанието може е олеснителна околност најмногу до 70% од казната.

„Го почитуваме признанието, но судот сепак треба да ги цени околности за стореното кривично дело и за подмолниот начин на кој што е искористена немоќта на оштетената“, рече таа.

Откриен полицаецот што го фотографирал Чаавков во затворот Шутка

Полицаецот од Посебната единица за поддршка го сликал Митко Чавков во дворот на истражниот затвор Шуто Оризари.

Внатрешна контрола на МВР го открила полицаецот од Посебната единица за поддршка кој го сликал Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи во дворот на истражниот затвор Шуто Оризари,велат  извори во полицијата.

Судот му одреди 30 дневен притвор на Митко Чавков поради настаните во Собранието на 27 април годинава.

ВИДЕО: Во ЖИВО пред влада од протестот за загадениот воздух - колку луѓе се појавија?

По неколку дена многу висока загаденост на воздухот низ Македоија, посебно во скопје, на протестот пед влада се појавија многу малку луѓе.

Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституции, меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн…

Талат Џафери: Нова Македонија е прифатливо име и Собранието може да го изгласа

Промена на името може да се направи во Собранието, доколку за тоа изрази желба парламентарното мнозинство, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во вчерашната емисија "Патот кон..." на Алсат – М телевизија.

Тој мисли дека поради континураната висока поддршка на граѓаните за евроинтегративните процеси, граѓаните му дале целосен легитимитет на Собранието, да во нивно име одлучи по однос на прашањето за промена на името.

-Мислам дека Собранието го има потребниот капацитет ако има политичка волја кај субјектите кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, поради фактот што тоа е стратешка определба изразена како волја на граѓаните уште од деведесеттите години, 93-94 кога е усвоена првата резолуција на Парламентот во насока на определбата на државните институции за евроатланска интеграција и имајќиго предвид фактот дека поддршката на граѓаните континуирано е над 75%-80% за вроинтегративните процеси, мислам дека тоа е мотив можност Парламентот во името на граѓаните како носител на сувереноста на граѓаните, изразено на избори, со перцепцијата која ја имаат граѓаните, мислам дека дале целосен легитиитет на Собранието во има на граѓаните да одлучи и за ова прашање, вели Џафери.

Популарно