ВИДЕО: Нов мост и продолжување на булевар во Скопје

Градоначалниците на Скопје, Коце Трајановски и на Аеродром, Ивица Коневски, денеска презентираа проект од нивните програми што подразбира нов мост и продолжување на булеварот „АСНОМ“.

- Ново сообраќајно поврзување на Аеродром преку изградба на нов мост на реката Вардар.

Со вредност од над 8 милиони евра, ова е најголемиот капитален проект предвиден за наредните 4 години за овој дел од Скопје.

Со овој мост ќе се добие уште еден пристап на жителите на Аеродром до централното градско подрачје и ќе се намали сообраќајниот метеж.

Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија!

ВИДЕО: Вака се краде велосипед во Скопје

На Фејсбук страната „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавено видео на кое јасно се гледа младо момче додека краде велосипед, во скопската населба Капиштец.

Момчето кога сфаќа дека никој не го гледа, го зема велосипедот и заминува во непознат правец.

Видеото погледнете го ТУКА

По 3.500 денари за секое прваче во Општина Аеродром

Општина Аеродром за првпат оваа година доделува по 3.500 денари за секој првоодделенец. За оваа цел, општината има издвоено 2.800.000 денари од сопствениот Буџет.

– Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете, вели градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

Од денеска родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош најдоцна до 31.08.2018 година.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница ((www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот (http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari).

Од Општината информираат дека во прилог на барањето потребно е да се достават потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2018/2019 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром, оригинал извод од матичната книга на венчаните (за родителите/старателите на првачето), оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето), важечки лични карти од двајцата родители, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром и трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите), кои треба да се оригинал, на увид, а не копија.

Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена околу почетокот на учебната година.

Колкава е просечната плата на менаџер во „Фершпед“?

Просечната месечна бруто плата на член на Управниот одбор на најголемата македонска шпедитерска компанија лани е 3.300 евра, објавено е во годишниот извештај на „Фершпед“

Просечната бруто плата на член на Управниот одбор на „Фершпед“ била 3.300 евра месечно, наведено е во годишниот извештај за работата на Управниот одбро на „Фершпед“ за 2017 година.

Според извештајот, „Фершпед“ лани за своите 6 члена на Управниот одбро исплатил бруто износ од 14,65 милиони денари за плати и уште 2,2 милиони денари за регрес за годишен одмор и за осигурување.

Ова значи дека просечно месечно секој член на Управниот одбор имал бруто плата од 203.540 денари односно околу 3.300 евра. По одбивање на придонесите за пензиско и за здравствено осигурување останува кои изнесуваат околу 1.000 евра на просечната бруто плата на менаџер во „Фершпед“ останува дека просечната нето плата изнесува околу 2.300 евра. 

Според официјалните податоци во Управниот одбор на „Фершпед“ членуваат: Иван Петровски, кој воедно е и претседател на одборот, Драган Наков кој воедно е и акционер кој контролира над 11отсто од акциите, потоа Зоран Тодоровски и Зоран Арнаудов, Цаца Зикова и Александар Илиевски.

Се подразбира дека сите членови не земаат линеарно односно немаат исти плати туку конкретниот износ се регулира во секој поединечен менаџерски договор на секој од членовите на компанијата.

Како работеше „Фершпед“ во првиот квартал годинава?

Во првите три месеци „Фершпед“ има оперативни приходи од 809,2 милиони денари од кои приходи од продажба се 807,9 милиони денари. Доминантно е учеството на домашниот пазар во структурата на сите приходи од продажба. На домашниот пазар „Фершпед“ реализирал 781,5 милиони денари и тоа е за 22 отсто односно 141,5 милиони денари повеќе од истиот период лани. Приходите од странски пазар на „Фершпед“ се повеќе од преполовени во споредба со лани и изнесуваат 26,4 милиони денари.

Оперативните расходи на „Фершпед“ растеле значајно побавно од растот на приходите од продажба и тука е тајната на успех на најголемата шпедиција. Во услови кога приходите од продажба пораснале за повеќе од 110 милиони денари неговите расходи пораснале за 79 милиони денари. „Фершпед“ заштедил на набавна вредност на трговските стоки, но го зголемил износот на услуги со карактер на материјални трошоци за 90 милиони денари до износ од 554,5 милиони денари. Оперативната добивка достигнала половина милион евра односно над 30 милиони денари. Во однос на лани пораснала за 5,5 пати.

Значајно намалени финансиските расходи!

Охрабрувачки за сите акционери на „Фершпед“ е значајното кратење на финансиските расходи во првиот квартал годинава. Тие се пониски за 41 отсто во однос на истиот период лани кога изнесувале 4 милиони денари. Сега биле 2,36 милиони денари. Тоа значи дека „Фершпед“ во значајна мерка се растоварил од кредитни или од каматни обврски.

Популарно