ВИДЕО: Нов мост и продолжување на булевар во Скопје

Градоначалниците на Скопје, Коце Трајановски и на Аеродром, Ивица Коневски, денеска презентираа проект од нивните програми што подразбира нов мост и продолжување на булеварот „АСНОМ“.

- Ново сообраќајно поврзување на Аеродром преку изградба на нов мост на реката Вардар.

Со вредност од над 8 милиони евра, ова е најголемиот капитален проект предвиден за наредните 4 години за овој дел од Скопје.

Со овој мост ќе се добие уште еден пристап на жителите на Аеродром до централното градско подрачје и ќе се намали сообраќајниот метеж.

Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија!

Лаборант во ИЈЗ меѓу новозаразените со морбили

Лаборант во Институтот за јавно здравје е меѓу тројцата новозаразени со морбили. Станува збор за 44-годишна жена од Сопиште која  била вакцинирана против мали сипаници, но најверојатно само со една доза од вакцината. Се заразила на работа, додека вршела лабораториски испитувања.

Со трите нови случаи, бројката на заразени со морбили се искачи на 17. Само еден е од Прилеп, но и тој најверојатно се заразил во Скопје, каде периодот бил на привремена работа. Во една од приватните болници морбили биле дијагностицирани и кај 15-месечно бебе од Косово, за кое нема податок дали било вакцинирано. Во Косово бројката заразени рапидно расте. Досега се регистрирани над 140 пацинети, а едно од заболените деца почина.

Сомнежите на македонските здравствени институции е дека токму Косово е извор на заразата и во Македонија. Но, се уште се чекаат лабораториските анализи во странски референтни лаборатории. Пациентите од Гази Баба, каде во моментот е прогласена епидемија на морбили пред да се заразат биле во контакт со гости од Косово. Иако епидемијата во моментот е ограничена, постои голем ризик да се прошири и во други подрачја, со оглед на нискиот опфат на имунизација со МРП.

Епидемија на морбили беше прогласена пред околу еден месец. Оттогаш до денска вакцинирани се 8.095 лице со МРП вакцинарта. Од вкупниот број вакцинираните 42 % се на територијата на Скопје.

ВИДЕО: Зошто воздухот во Карпош е толку (многу) загаден?

Македонија, посебно поголемоте градови во државава се на врвот во Европа по неквалитетен воздух.

Загадувањето на воздухот стана евергрин-тема во земјава. Станавме први во Европа по неквалитетен воздух, а освен незначителни мерки што ги презема власта во зимските периоди, ништо поголемо не се прави. Екипата на „ФоТон“ на мкд.мк го сними прилогот „Зима, лето, пролет, есен: загадувањето си тера, во Карпош е најстрашно“, во кој во нешто повеќе до пет минути се дијагностицираат важни проблеми што Карпош ја прават една од најзагадените општини во Скопје. 

Популарно