Од четврток до сабота: Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за времен сообраќаен режим поради партиски митинг кој ќе се одржи денес во Скопје.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Скопје дека од четврток од 22.00 часот  до 02.00 часот на 14.10.2017 година (сабота) во двата правци ќе биде пренасочен сообраќајот на булеварот ,,Илинден,,  на потегот од крстосницата со булеварот ,,Гоце Делчев,,  до крстосницата со булеварот ,,Св. Климент Охридски,, и истиот ќе се одвива по булевар ,,Илинден,,  десно по булеварот ,,Св. Климент  Охридски,,  и по булеварот,, Гоце Делчев,, и лево по булеварот ,,ВМРО,,.

Пренасочувањето на сообраќајот е поради изборен митинг.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно