Од полноќ почнува предизборен молк

На полноќ завршува изборната кампања и почнува молкот пред локалните избори в недела. Гласањето в недела почнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Изборите ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини во Скопје.

Во сабота гласаат болни и изнемоштени луѓе, затвореници и лицата во притвор. Право на глас имаат 1.814.644 гласачи. На шестите локални избори во Македонија учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна на 29-ти октомври.

Груевски: Пуштаат криминалци од затвор, а за тегнење коса одредуваат казна 4 години затвор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа обвини дека  има големо заплашување и следење како на членовите на партискиот врв или на кандидатите за градоначалници со цел да се уништи ВМРО-ДПМНЕ.

- Целото подземје од криминалци, дилери на дрога беа ставени на располагање на СДСМ, да влијаат на секој до кој имаат допир и можеа да му се закануваат- рече Груевски.

Тој додаде дека дури и СЈО и ОЈО се користат за да ги заплашуваат членивите на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски рече дека ги пријавиле сите заплашувања, но не ја поседуваат целата  документацијата бидејќи луѓето кои ги поседуваат се плашат од реваншизам.

Тој порача дека Владата пушта од затвор големи криминалци ,а обвинува луѓе за мали работи затоа што учествувале во настаните од 27 април.

-Дали човек кој тегнел некого за коса треба да се казни 4 години. Ако сакаат да се одмаздат некому, тоа нека ми го направат мене, и на членовите на потесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Нека ме затворат и казнат, но не да ги казнуваат луѓето кои поради изблик на гнев се однесувале така во Собранието– рече Груевски.

Груевски: МВР го прислушкува раководството на ВМРО ДПМНЕ

Челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа во саботата вечерта обвини дека стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани во последниот период.

„Имаме информација дека целото раковоство на ВМРО-ДПМНЕ е прислушувано. Тоа е организирано. Второ, во УБК отворено е досие под името ‘Македонски екстремизам и тероризам’ против ВМРО-ДПМНЕ. Нашите информации велат дека тоа го прави МВР. Каде да го пријавиме, кај нив истите? Крајна цел не е само ВМРО и јас, крајна цел е да се сузбие секој самомислечки Македонец, за сакањето на државата да стане демоде, а модерно да биде хомосексуални паради и посвојување деца од хомосексуалци’, заклучи Груевски.

Станува збор дека на удар на тајните служби се лица од раководството на партијата, коишто се ставени под оперативна обработка,

Кажа дека нема кому да се пожали во врска со ова, бидејќи друг владее со тајните службите.

Груевски. ВМРО ДПМНЕ против и влијанието на некои надворешни фактори кои се мешаат во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вечерашното гостување на телевизија Алфа истакна дека партијата се враќа на традиционалниот идентитет бидејќи граѓаните на овие избори покажале дека го бараат тоа.

-Тој традиционален идентитет претставуваше силно да се биде против и влијанието на некои надворешни фактори кои се мешаа во Македнија, актуелните политики беа несоодветни во тој дел. ВМРО е важна за Македонија, за зачувување на националните и државните интереси. Мора да извлечеме поука, да направиме длабинска анализа по изборите и партијата да продолжи по оној пат по кој очекуваат најмалку 450.000 кои нѐ поддржаа, истакна Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не е ниту срамота, ниту погрешно да се обидете да освоите други членови и симпатии, но очигледно тоа го направиле многу нагло и не многу вешто.

Популарно