Не одев во градинка, дома ме чуваше баба - таа за се имаше време, да направи јадење, да го спреми домот, да ги чува внуците

Јас не знам како е да се оди во градинка. Мене цел живот дома, ме чуваше баба. Од неа научив да одам, да зборувам, да читам, да пишувам, да си играм. Таа ме научи што значи животот.

Во мое време и ретко кое дете одеше во градинка. Децата од мојата маала сите ги чуваа баби, исто како и мене.

Сега имам 27 години, а мојата баба за жал е почината пред 6 години. До последен момент можев да учам од неа. Не се вели залудно дека во бабите се крие извор на богатство  и знаење. И не, мојата баба не беше школувана шена. Имаше само четвтро одделение, жена родена во село, па кога родила деца, со дедо ми направиле куќа во град, и тука живееја до крајот на животот.

Од баба научив каков е животот. Како да паднеш и повторно да станеш, без да се жалиш. Од баба ги научив првите букви. Мама и тато одеа на работа, а јас дома со неа.

Во топло, во чисто. Секое утро шолја топло млеко и бисквити. За секој појадок направено нешто од вредните раце на баба. Колко би дала и денеска се, само да можам да ги вкусам прекрасните мекици  и крофни на баба.

Секој ден учиш по нешто ново. Ново, кое ќе ти го треба секој понатамошен ден во животот.

Секогаш чист, среден. Баба беше таа со која си играв кога надвор беше ладно. Облекувавме и соблекувавме кукли. Им шиевме фустани. Ги носевме на пикник, во другиот агол од собата. Кога имаше надвор сонце, постојано баба ме носеше на прошетка. Некогаш одев и со неа, кај комшиките таа да си пие кафе.

Баба за се имаше време. И да направи јадење, и да го спреми домот, и да ги чува внуците. Никогаш не се жалеше дека има премногу обврски.

Кога тргнав на училиште, баба ме испраќаше, понекогаш и ми ја носеше училишната чанта, бидејќи беше потешка од мене.

Баба знаеше да биде најдобар другар. Баба знаеше да ти даде најдобар совет. Едноставно, баба беше најдобра. И не само мојата, туку верувам дека сите други баби.

Бабите имаат посебно место во срцата на внуците, но и внуците кај бабите.

Среќен е оној кој и денеска има баба. Може да учи од неа и да и се восхитува. 

ФОТО: Момче со рак во терминална фаза го теши својот брат

Фотографијата од 15-годишно момче со рак во терминална фаза како го теши својот расплакан брат стана вирална.

Во 2019. година, на тинејџерот Иан му бил дијагностициран остеосарком. По операцијата и неколкумесечната хемотерапија, дознале дека е излечен. Но, во ноември 2021. година, болеста се вратила и се проширила низ телото. На Јан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека ќе умре.

Кога Јан ја споделил страшната вест со својот помлад брат Питер, тој се расплакал и липал. Иан силно го прегрнал, да го утеши и му се извинил што не можел да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент меѓу двајцата браќа на Фејсбук ја објави Бенџамин Елиот од Орегон.

„Иан реши сам да им каже на своите пријатели и помалиот брат дека ракот неизбежно ќе го убие. Мислам дека оваа фотографија го покажува доброто за кое Иан сакаше и се веруваше дека ќе биде споделено. Дури и со катастрофални прогнози, Јан е тој што ги теши другите. Вистината е дека тој одбива да живее за себе. Избра да живее за другите до моментот кога ќе го земе последниот здив“, напишал Елиот.

Стотици ја коментирале фотографијата и признале дека сцената ги скршила.

„Мразам рак“, „Срцето ми е скршено“, „Неверојатен пример за љубов и понизност. Моите молитви се со ова момче и неговото семејство“, напишале некои.

Рецепт за денешен ручек

Рибина чорба

Одберете некое поголемо парче риба или две помали. Ако има во неа икра уште поубаво, ќе ја ставите и неа во чорбата. Рибата исчистете ја, пресечете ја на половина и ставете ја во тенџере со вода на оган, само да ја фати еден клуч, да можете да ја исчистите.

Потоа внимателно исчистете ја од коските. Tаму каде можете, на пр. од долниот дел оставајте поголеми парчиња, не ја ситнете многу. Тргнете го месото настрана. Кромидот изрендајте го и ставете го во тенџерето каде ќе ја варите чорбата.

Таму ставете го и другиот зеленчук. Јас секој од нив го сечкам различно, морковот на тркалца, целерот на ситни коцкички, пашканатот на подолги лентички, лукчето ситно исечкано. Сето ова со малку масло ставете го да се запржи. Потоа турете вода, компирот на најситно изрендајте го и ставете го и него, ставете ја рибата, зачинете и варете се додека не се свари зеленчукот. На крајот прелијте ја чорбата со малку црвена запршка, (ако не ви е доволно густа може и малку брашно да ставите во запршката) и исечкајте го магдоносот. Уживајте, ова ми е една од омилените чорби, особено во зимско време. 

Рецепт за денешен ручек

 Ручек со зелка.

СОСТОЈКИ:

1 главица кромид

1 праз

1 морков

2 чешни лук

1 кг. свежа зелка

1 коцка супа

1 лажиче оригано

2 лажици маслиново масло

1 л. доматно пире

2 л. вода

сол

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.

Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.

Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.

Се ставаат доматното пире и водата.

Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

Популарно