Пробајте да го решите случајот: Дали се работи за убиство или самоубиство?

Роналд Опус е лице од фиктивен случај кој неверојатно се прослави поради неочекуваниот крај на истиот. Случајот бил раскажан од Дон Харпер Милс по повод доделување на награди од Американската Академија за Форензика. Милс сакал да покаже колку правни последици има и колку може да биде комплициран еден случај во која се истражува убиство.

Приказната гласи вака:

На 23 март, 1994 година еден медицински вештак го гледал телото на Роналд Опус и заклучил дека тој починал од рана на главата направена со куршум од пиштол.

Господин Опус всушност скокнал од 10 спрат од зграда сакајќи да изврши самоубиство. Оставил порака во која била потврдена неговата намера да се самоубие.

Додека паѓал преку 9-тиот спрат, неговиот пад бил попречен од куршум кој поминал низ прозорот и веднаш го убил на самото место.

Ниту починатиот, ниту тој што пукал не знаеле дека токму пред осмиот спрат на зградата има поставено заштитна мрежа кои ја поставиле некои работници на зградата, што значи дека Роналд Опус не би успеал да го изврши својот план за самоубиство.

Собата на 9 тиот спрат од каде што излетал куршумот, била окупирана од постар маж и неговата сопруга. Тие се карале многу а тој и се заканувал со пиштолот.

Човекот бил толку вознемирен што кога пукнал, целосно ја промашил неговата жена и куршумот летнал преку прозорот и го погодил Роналд Опус.

Кога некој пробува да убие едно лице, но во обидот не сакајќи убива друго лице, тогаш се смета за виновен за убиството на второто лице.

Кога полицијата ги испрашала луѓето, старецот и неговата сопруга кажале дека мислеле дека пиштолот воопшто не е наполнет. Човекот рекол дека многу често во кавги тој и се заканувал на сопругата сакајќи да ја исплаши со празен пиштол. Никогаш немал намера да ја убие.

Во овој, случај смртта на Роналд Опус се сметала за обична несреќа; Тоа е ако се земе во обзир фактот дека пиштолот не сакајќи или не знаејќи бил наполнет.

Во текот на истрагата се појавил сведок кој го видол синот на стариот пар како го полни пиштолот 6 недели пред фаталната несреќа.

Старата жена прекинала да го поддржува нејзиниот син финансиски, па синот знаејќи ја навиката на татко му да се заканува со пиштол, го наполнил пиштолот со цел татко му да ја убие мајка му, а тој да се одмазди.

Така што сега, синот кој го наполнил пиштолот се сметал за виновен за убиството иако тој не бил лицето кое пукнало.

Случајот се комплицира овде:

Подоцна во истрагата се открило дека синот на стариот пар е Роналд Опус, лицето кое починало од куршумот.

Тој почнал да се опседнува со идејата да ја убие мајка му и станал неверојатно депресивен поради неуспешниот обид што решил да си го одземе животот.

Така скокнал од 10 спрат од зградата на неговите родители во 23 март, но бил убиен од куршумот кој излетал низ прозорот од станот на 9-ти спрат.

Што мислите вие за случајот? Дали се работи за самоубиство или убиство?

Подгответе се за летно сметање на времето

Како и секоја година така и оваа година имаме промена од зимско во летно сметање на времето.

Во последниот викенд во март, односно оваа година летното сметање на времето почнува на 31 март во недела.

Така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе неколку години се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Утре е младенци - Ова се обичаите кои треба да ги направат младите брачни парови на овој голем празник

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Како што запишал фолклористот Марко Китевски, тој ден ден во повеќе краишта на Македонија е поврзан и со враќањето на птиците преселници, а извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Еден дел од нив, вели Китевски се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес многу од овие обичаи се заборавени. Но сепак празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

Еве кога ќе започне летното сметање на времето, не се разочарувајте!

Летното сметање започнува рано изутрина на 31 март во недела.

И тоа во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во март, оваа година ретко како тоа се случува на последниот ден од месецот.

Популарно