ВИДЕО: Сеад Рахиќ и уште еден човек со нож напаѓаат во штабот на ГРОМ

По синоќешниот напад пред седиштето на ГРОМ во Скопје, лидерот на партијата и досегашен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно го повика Основното јавно обвинителство да ги казни напаѓачите.

-Јавно го повикувам ОЈО да постапи, нели фрлавте бомби по фасади, нели бевте спремни да гинете за правната држава, рече тој на прес-конференција во Скопје.

Јакимовски ги наведе казните предвидени во Кривичниот законик член 386 – од 3 месеци до 3 години за груба навреда, а бидејќи, според него, Сеад Рахиќ носел нож, по член 133 од законот е предвидена затворска казна од 6 месеци или парична казна.

Погледнете го видеото од нападот:

Пукано кон куќа во Тетово од возило во движење, нема повредени

Синоќа околу 22 часот и 45 минути на булеварот „Илинден“ во Тетово се пукало од огнено оружје, за што жител на градот пријавил дека е пукано кон неговата куќа. Засега од СВР Тетово немаат информации за повредени луѓе.

-Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. До сега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

По пукањето полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде се пукало по што е почнат увид.

Ненадејно почина селекторот на македонската репрезентација до 17 години!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, Дашмир Беари ненадејно почина.

Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник, почина тренерот Дашмир Беари на 50-годишна возраст.

Неговата последна работа беше улогата на селектор на македонската репрезентација до 17 години.

Беари беше поранешен тренер на Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими, а беше помошник и во саудиски Ал Раед. Во минатото беше селектор и на македонските селекции до 15 и до 19 години.

Осум лица повредени во сообраќајка меѓу две возила, возачите имале 17 и 19 години

На локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани вчера вечерта околу 15 минути пред полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Популарно