5 работи што мора да ги знаат оние со мал пенис

Ретки се жените кои имаат проблем со големината на половиот орган на својот партнер, но повеќе од половина мажи на планетата би сакале пенисот да им е поголем. Ова веројатно се должи на нереалните димензии поставени од порнографските во филмови за возрасни.

Се проценува дека просечниот пенис кога е во ерекција, варира помеѓу 11,9 и 16 см. Во категоријата „мали“ кога е во возбудена состојба и достигнуваат должина од 11,9 см.

Големиот не значи повеќе задоволувачки секс. Еве неколку факти кои можете да ги разгледате кога ќе се соочите со помала големина.

Совршено е нормално

Тоа што е неколку сантиметри помал од просечниот износ, не значи дека е „оштетен“. Тој добива ерекција, ејакулира итн.

Продолжувањето не вреди

Иако постојат еден куп лекари и процедури, кои ветуваат дека ќе ја зголемат машкото достоинство неколку сантиметри, ниедна не е лишена од недостатоци. Болно е, скапо е и има голем ризик да добијат нарушување на функциите.

Малиот пенис компензира со други вештини

Многу мажи се комплексирани поради големината на пенисот и затоа совладале до совршенство разни трикови во љубовната игра. На пример тие често се исклучително добри во оралните бакнежи и имаат вешти прсти кои ви гарантираат неколку оргазми уште пред самата пенетрација.

Помалку од 1% од мажите имаат микропенис

Најмалиот од сите мерени пениси е со должина од 6,8 см во ерекција, открива една студија.

Малиот пенис станува „голем“ под одредени позиции

Ако ги тргнете психолошките бариери настрана, постојат неколку секс пози кои ќе им помогнат на жените да достигнат оргазам за време на интимниот чин со маж со помал пенис. За статистика само 20% од жените добиваат врвно задоволство при самата пенетрација.

ВИДЕО: Колку треба да си „НАДАРЕН“ за да задоволиш порно ѕвезда?

Одговорите на порно ѕвездите се интересни и тие воопшто не се амбициозни...



Ако постои некој што знае која е идеалната големина, тогаш тоа се порно ѕвездите. Затоа, нивните одговори се од голема важност.

Нивните одговори ќе ве шокираат, затоа што тие се различни и повеќето не бараат премногу, туку туку повеќе сакаат техники:

ВИДЕО: Порно актерката откри колку му е голем на Трамп

Откако нејзината наводна афера со претседателот Доналд Трамп се појави во медиумите, порно актерката Сторми Даниелс одлучи да ја искористи приликата и да заработи малку пари и слава.

Таа во својата книга изнела бројни шокантни и бизарни детали за Трамп, а се' започна со описот на нивната наводна афера. Британскиот "Independent" издвоил неколку најшокантни делови од книгата во кои Сторми многу детално го опишува голиот Трамп, неговиот полов орган и сексуалните преференции. 

Иако опишала многу работи до најситни детали, Даниелс всушнот не открила како се запознала со американскиот претседател. Таа раскажала дека тој се соблекол и чекал таа да се согласи, а сексот со него го опишала како "вонтелесно искуство".

Сторми открила дека Трамп е свесен за неговата лоша фризура, но и дека одбива да ја промени бидејќи тоа е неговиот заштитен знак.

"Сите зборуваат за неа. Тоа е нешто мое, мој заштитен знак. Освен тоа, доколку дозволам една личност да ме ишиша, тоа би разлутило многумина. Многу би убиле за тоа да ме ишишаат. Најдобрите. Најдобрите од најдобрите", ѝ се доверил Доналд на порно актерката.

Даниелс тврди дека Трамп, во обид да ја импресионира, ѝ ја покажал неговата фотографија на насловната страница на едно списание, а таа по тоа заклучила дека тој "е несигурен и мора да се фали".

"Му кажав дека некој треба да го исплеска по задникот со тоа списание, на кое ми одговори: Дали би го направила тоа?", опишува Сторми.

Во книгата, порно актерката открила и дека Трамп ја споредувал со неговата ќерка Иванка.

"Не звучеше како перверзник. Ми кажа дека го потсетувам на неговата ќерка бидејќи сум убава и паметна токму како што е таа. Удирањето по задникот немаше сексуална природа, стануваше збор за игра на моќ. Тој беше лут, а јас шокирана и никој не сакаше прв да се откаже".

Во книгата Сторми зборува и за себе, но вели дека е свесна зошто луѓето ја купуваат книгата.

"Мојот живот е многу поинтересен од сексот со Доналд Трамп, но го разбирам интересот. Сепак, од сите луѓе со кои сум имала секс, зошто светот не можеше да се заинтересира за некој позгоден?", се запрашала таа и додала дека тоа веројатно бил најлошиот секс во нејзиниот живот.

„Лежев таму лута затоа што имав секс со човек влакнест како Јети и пенис како печурка од Супер Марио. Тоа беше најмалку импресивниот секс во мојот живот, но, сосема јасно, тој не мислеше така“, напиша порно актерката во својата книга.

Зошто мажите клекнуваат пред жената кога запросуваат?

Според традицијата, мажот мора да клекне на едно колено во моментот кога ја запросува својата сакана

Верувале или не, клечењето на една нога се смета за модерен обичај. Гестот всушност не е стара историска пракса, туку се појавила пред крајот на Средниот век кај имотните жители.

Тогаш браковите биле однапред договорени без присуство на идните младенци, па така немало потреба од запросување. Во случаите кога немало надворешно мешање во врските, мажите клечеле пред жените кога биле вљубени, им пееле, посветувале песни и рецитирале.

Популарно