(ВИДЕО) Ана испила 4 водки со енергетски пијалок: Утрото не се сеќавала на ништо, а потоа ја здогледала снимката како има секс со тројца

Целиот тој ден Ана С. од Минесота била уморна. Од дома излегла ненаспиена, нозете и се треселе. Но морала на забава кај најдобрата пријателка Лајла.

Ана отишла до пабот да земе дел од машката екипа, а на влезот за малку ќе се онесвестела.

Другар и притрчал и ја донел до шанкот. Набрзо и подал „бомба“ - водка и еден популарен енергетски пијалок. Испила две и била подготвена да продолжи. Журката била весела и Ана и другарите буквално се пикнале во станот на Лајла и отрчале до масата полна со алкохол и конзерви енергетски пијалоци.

Ана зела шише водка и две конзерви некој енергетски напиток. Повеќе не и требала чаша. Си турала течности во себе наизменично. Обично пиела по 4-5 енергетски бомби во една вечер, но овој пат не броела. Се разбудила во непозната соба, во непозната куќа, гола, без другари, торба, паричник. Од соседната соба се слушале машки гласови. Станала, а потоа паднала. Не ги чувстувала нозете и колковите. Ништо не се сеќавала. Дошла некако до врата, кренала рака и ги отворила.

Видела тројца непознати мажи. А подоцна и снимка од сопствениот секс со тројца возбудени момчиња. Вакво сценарио за жал не е ретко, а младите луѓе би требало да бидат внимателни со внесувањето на опијати.

(Видео) Ученик и професорка страсно се бакнуваат среде час

Неименувана универзитетска професорка, наводно била избркана од своето работно место откако протече видео кое потврди дека таа се бакнувала со еден од нејзините студенти среде час.

Недоличното однесување го снимиле колегите на младиот и многу самоуверен Ромео на Државниот транспортен универзитет во Нижни Новгород, а во меѓувреме тамошните портали објавија дека снимката била направена минатата година откако училиштето добило дојава дека професорката многу лесно влетувала во романтични авантури.

Во однос на образовната институција во која е снимен скандалот, корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека младиот заводник бил полнолетен кога му паднало на памет да ги почувствува усните на својата професорка, па во овој контекст, ниту руските портали не спомнале некаква истрага.

Засега не можеа да потврдат информациите дали навистина професорката е отпуштена поради ова.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Бебе во Америка починало откако мајката го оставила да спие во рерна

Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.

Како што објави обвинителот, бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна.

Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.

„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.

Пијан полицаел застрелал жена во грб, па додека лежала на земја испукал уште 15 куршуми

На Елвис Ќустендил, осомничениот за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година, в.д. обвинител на Кантоналното обвинителство му одредил притвор, пренесува Аваз.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственик на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Припадниците на Секторот за криминалистичка полиција извршија кривична истрага, а заедно со пријавата за стореното кривично дело, пријавениот е предаден на Обвинителството.

Популарно