ПАРК ХОТЕЛ И СПА, ПРВ ХОТЕЛ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОЛНАЧ ВО МАКЕДОНИЈА

Во Парк Хотел и Спа, официјално се пушти во употреба станица за полнење електрични возила, којашто го прави хотелот, единствен од ваков тип во Македонија. На настанот беше присутна и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц која во хотелот пристигна со своето електрично возило и беше првата која го употреби новиот полнач.

Во Парк Хотел и Спа се одржа конференција, на тема: Проект » Edison eSkopje «, во соработка со Сојузот на Ротари Клубовите од Македонија. На конференцијата имаше кратко излагање Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, а тематска презентација имаше Изток Селјак - Хидриа / Словенија - »Edison eSkopje« и Марко Фемц претставник од Планет – нет / Словенија.

Со оваа инвестиција Парк Хотел и Спа, се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network) која има за цел да го претвори регионот во лабораторија на идната зелена мобилност.

“Сакаме да ја поттикнеме и индустријата да се вклучи во овие трендови – изјави Изток Селјак, координатор на проектот „Едисон“прекукојсеочекувадасеелектрифицираатавтопатишататаворегионот. Токмузатоа е формиран проектот „Едисон“ кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела ЈИЕ преку концептот „Едисон е-сити“ со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зеленитакси, каршеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи „Едисон“ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри„ – изјави Изток Селјак.

“Парк Хотел и Спа продолжува со еко проекти кои влијаат позитивно на животната средина Постојано воведуваме технолошки новини во работењето и спроведуваме низа на активности за превенција од дополнително загадување на животната средина и подобрување на истата. Oпштествена одговорност за нас претставува дејствување пошироко од рамките на националните закони и општесвени легислативи. Во оваа насока ние внимаваме како нашето дејствување влијае на нашите вработени, посетители, општествената заедница и животната средина.„  – изјави генералниот менаџер наПарк Хотел и Спа, Панајотис Колокатис.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно