Нови три сведоци во случајот со убиството на Јелена ќе направат целосен пресврт

Првиот сведок кој е подготвен да се појави пред обвинителството и под целосна материјална и кривична одговорност да ги прераскаже деталите за својата средба со Зоран и неговата ќеркичка Јана, би можел во целост да ја сруши приказна за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ.Откако семејството Крсмановиќ ја ангажираше агенцијата ЦФИ, со цел да се разреши убиството за Јелена, оттаму е  спроведена целосна истрага. Тие сега носат тројца нови сведоци, кои се подготвени да зборуваат за односите во семејството Марјановиќ, но и за денот кога Јелена исчезна.

За тоа се известени и полицијата и обвинителството. ЦФИ направила и делумна 3Д реконструкција на убиството на пејачката. За време на работата на овој случај, Крсмановиќ откриле нови докази, но и сведоци кои им раскажале голем број на детали во врска со убиството кое ја потресе цела Србија.

Првиот сведок кој е подготвен да се појави пред обвинителството и по целосна материјална и кривична одговорност да ги прераскаже деталите за својата средба со Зоран и неговата ќеркичка Јана, би можел да ја сруши целата приказна на Зоран Марјановиќ.

„Сведокот бил на насипот на 2 април 2016 година, во периодот во 14:30 часот и го видел Зоран и Јана кај рампата. Времето за кое тврди дека се случила нивната средба, била околу 45 минути, пред времето за кое Зоран изјавил дека стигнал на насипот“, вели Ненад Шипка од ЦФИ.

Ако се докаже дека тврдењата се точни, тоа значи дека Зоран бил со Јана на спротивната страна од онаа каде претходно сведочеше дека бил во тој момент, кога исчезнала неговата сопруга Јелена.

Откако Зоран бил уапсен на 15 септември, во Центарот се јавил уште еден сведок, комшија на семејството Марјановиќ.

„Според зборовите на овој сведок, тој во петокот на 1 април 2016 година, ден пред исчезнувањето на Јелена, разговарал со пејачката и во таа прилика Јелена го прашала дали ја има испрскано зелката.

Кога сведокот одговорил дека не го направил тоа, пејачката се израдувала и рекла дека утредента ќе дојде кај него, затоа што за викендот испланирала да зготви сармички од зелка.

„Знаејќи дека Јелена е прецизна и се држи до договореното, сведокот се изненадил кога таа во саботата не се појавила. Но, не ја повикал тој ден, верувајќи дека не се случило нешто сериозно“, вели изворот.

Од полицијата истакнуваат дека исказот на пријателите на Јелена, сега сериозно може да го доведе во прашање тврдењето на Зоран Марјановиќ дека со сопругата во саботата бил на насипот, како и за тоа дека во овој момент е зголемен сомнежот дека несреќната жена е убиена во ноќта меѓу петокот и саботата.

Изјавата на третиот сведок и низата детали кој е подготвен да ги изнесе, веројатно би направиле целосен пресврт во истрагата за убиството. Според зборовите на Ненад Шипка, овој сведок наведува дека покрај местото каде ден подоцна е пронајден телефонот на Јелена, стоел и нејзиниот пријател кој непрекинато ја барал на телефон.

„Оттука незамисливи се тврдењата дека телефонот е пронајден на таа локација, затоа што пријателот кој стоел на тоа место, морал во ноќта на претрагата во најмала рака, да го видел светлото на телефонот.

Пријателите на Јелена тврдат дека батеријата на телефонот и била слаба, и дека не можела да трае повеќе од два часа. Во врска со тоа, многу е чундо, што во тој момент повикот на нејзиниот телефон, сигнализирал дека е достапен, и дека не се испразнил и покрај направените стотина повици претходно“, додава Шипка.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно