Македонската пејачка, Тијана Дапчевиќ ја отвори четвртата епизода од најновата сезона на „Твоето лице звучи познато“.
Тијана овој пат имаше задача да ја имитира Џеси Џеј и ги изведе хитовите „Bang Bang“ и „Burnin' Up“ на музичката ѕвезда.
Жирито повторно не ги штедеше комплиментите за Тијана.
„Нè фрли во транс. Каков почеток на емисијата! Какво шоу, какво танцување, какво пеење, каков спектакл. Одушевен сум“ – ѝ коментираше Бранко Џуриќ Џуро.
„Тијана, прво што морам да забележам, ти и јас се знаееме сто години, а во меѓувреме ти стана таква мачка, толку добро ти стои таа црна коса. Најбитно, ти конечно ги доживеа своите вистински пет минути за да покажеш дека Тијана е шоумен, изведувач, пејачка, танчарка и мултиталентирана ѕвезда. Се гордеам со тебе“ – рече Јелена Карлеуша.
Минатата недела Дапчевиќ влезе во улогата на Џастин Тимберлејк, а наредно ќе ја имитира Дара Бубамара.