Светскиот готвачки врв ќе се натпреварува на ГастроМак 2017

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк.

Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.

”Струмица, како град, но и ние како општина, сме почестени што ќе бидеме домаќини на настан од ваков калибар. Тоа значи дека со настанот Струмица ја ставаме на светската гастрономска мапа. Струмичани ќе видат дел од гастрономските магии на големите готвачи и судии. Но, исто така, и ние како домаќини ќе имаме што да покажеме: тоа е нашата гостопримливост, а секако и традиционалната храна. Од друга страна, за нас ќе биде многу значајно тоа што ќе можеме да ги покажеме и нашите природни убавини и интересни места за странските гости, со што ќе го презентираме и туристичкиот потенцијал на општината”, изјави Коста Јаневски, Градоначалникот на Општина Струмица.

Натпреварот се одржува под мотото “Залче од светските вкусови!” и, практично, под универзалното знаме на гастрономијата, ќе го обедини светскиот готвачки крем, кој што во Струмица ќе го претставуваат судии, натпреварувачи и гости од триесетина земји, како што се: Португалија, Русија, Италија, Чешка, Велика Британија, Полска , САД, Канада, Србија, Словенија, Израел, Бугарија, Турција, Хрватска, Азербејџан, Романија, Пакистан, Грција, Албанија, Кипар, Исланд, Украина, Монголија, Босна и Херцеговина, Индија и, секако од Македонија.

“Годинешната манифестацијата ја креваме на највисоко можно рамниште. Потврда за тоа се најавените гости, потврдените WACS судии, Michelin Star готвачи, како и огромниот број натпреварувачи од сите страни на светот. Ја имаме честа со нас да се повеќе великани во светската гастрономијата, вистински гастрономски гуруа, од Канада до Русија, од Исланд до Кипар. Благодарни сме на гостопримството на градот Струмица, кој што ни дава безрезервна организациска поддршка. Од друга страна, пак, ова нè инспирира да планираме оваа манифестација во иднина да ја направиме традиционална годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од светски размери во Македонија“, изјави Адријана Алачки, Претседателкана ГастроМак.

На петдневниот настан во струмичкиот хотел Вила Парк, врвните кулинирски шефови ќе си ги одмеруваат силите во три натпреварувачки денови, 25, 26 и 27 октомври и тоа во 33 категории, поделени во четири сегемнти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и зеленчук), како и подготовка на пица. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти со Master Chef титулата ќе одржуваат повеќе Мастер класови. 

“Хотелот Вила Парк е комплетно подготвен за овој кулинарски спектакл. За ова се подготвувавме неколку месеци и ова искуство за нас, како хотелско – угостителски објект, е од огромно значење. Со нетрпение го очекуваме почетокот на настанот!”, изјави Васил Крмзов, одговорен менаџер во Хотелот Вила Парк во Струмица.

Манифестацијата ќе биде од отворен карактер, така што сите заинтересирани ќе можат да ѕирнат зад готвачките боксови како се подготвуваат јадењата и десертите, но и да ги вкусат.  Исто така, посетителите ќе можат да уживаат и во презентациите, дегустациите и другата програма што ја имаат подготвено ГастроМак и партнерите за време на сите денови на настанот.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно