Пет најстрашни работи кои можат да му се случат на пенисот

Колку и да внимаваат, многу мажи претрпеле застрашувачки маки што поради удар, што поради бактериски инфекции и слично. Еве што може да му се случи на пенисот, затоа внимавајте на него.

Инвагинација

Овој термин лекарите го користат за да ја објаснат превртеноста на пенисот во вид на чорапа. Оваа појава уште се нарекува и „заробен пенис“, а е последица на некој силен удар. Тоа во принцип значи дека како последица на ударот, пенисот е втиснат во тело и останува заробен во пределот на карлицата и половиот орган. Ретко се случува, но ете ако се случи се вади рачно или со операција.

Саксофон

До „саксофон“ или „рог од овен“ доаѓа при бактериски инфекции поврзани со кламидија или пак запушување на лифмните јазли. Резултатот е отечен и искривен полов орган. Уринирањето е отежнато, а сексуалниот однос не возможен.

Збунет пенис

Одредени операции во тој предел може да доведат до кинење на ткивото кој го поврзува уринарниот канал со ректумот. Оваа состојба се препознава со течење на урината од задникот. Иако лечењето е тешко и долготрајно, стручњаците велат дека е возможно да се врати половиот орган во првобитна состојба.

Грицнат пенис

Ако имате прилика да пливате во Амазон, чувајте се од рибата кандира. Ако бидете приморани да уринирате во вода, постои можност да ја привлечете оваа риба, по што низ пенисот ќе влезе во мочниот меур ќе се закачи за вашите артерии и ќе се храни со вашата крв.

Заглавен пенис

Ако дел од пенисот во текот на обрезувањето биде отсечен, половиот орган расте и зараснува споен со скротумот. Резултатот е заглавен пенис, околу кој се формира слој на масти. Со операција може да се реши овој проблем.

Повторно изведена мултиорганска трансплантација: Пациенти добија срце, црн дроб и бубрези

Четворица пациенти добија органи од починат донор. Министерството за здравство соопшти дека вчера е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи, а еден пациент добил срце, други црн дроб, а двајца пациенти добиле бубрези.

Во наредните денови пациенти на Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Министерот Демири му се заблагодари на семејството на донорот кои спасија најмалку четири животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

По Македонија и Хрватска чоколадата „Милка Орео“ повлечена и од БиХ

Инспекторатот за храна при Сојузната управа за инспекциски работи во Босна и Херцеговина денеска повлече од продажба 33 парчиња чоколада „Милка Орео“ поради присуство на пластика.

Управата соопшти дека откако Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина известила за пластични парчиња во 37 грама млечно чоколадо „Милка Орео“ со рок на траење до 18 август, инспекторите за храна извршиле контроли.

Федералната агенција за инспекција на храна најави дека ќе ги преземе сите законски мерки против одговорните.

Производот претходно беше повлечен и од Македонија и Хрватска.

Македонската Агенција за храна, минатата недела информира дека од продавниците се повлекува чоколада „милка орео“ од 37 грама поради присуство на парчиња пластика.

Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година.

Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“

Колку килограми можете безбедно и здраво да изгубите за еден месец?

Заедничка желба на повеќе луѓе кои се на диета е брзо да ослабат. Сепак, колку е безбедно да се отфрлат несаканите килограми премногу брзо?

Безбедно и здраво слабеење значи губење на половина килограм до килограм секоја недела, што е еднакво на два до четири килограми месечно.

Можно е да изгубите повеќе килограми од ова во првиот месец на здрав начин, особено ако некој има прекумерна тежина.

Поединци кои губат 10 килограми во првиот месец или губат тежина премногу брзо, исто така се изложени на ризик од губење на вода или мускулно ткиво.

Друга причина зошто луѓето имаат тенденција брзо да губат тежина е ако се на ненамерна диета, која не е здрава или лесно да се држи долгорочно. Овие лица на крајот повторно ја добиваат тежината кога повеќе не можат да следат толку строга диета.

Кога станува збор за успешно долгорочно слабеење, важно е да се фокусирате на стабилизирање на шеќерот во крвта секој пат кога јадете, без разлика дали тоа е оброк или ужина. Ова ќе ви помогне да избегнете енергетски несреќи што може да доведат до нездрава желба за рафинирани јаглехидрати и шеќер.

Популарно