33 годишен татко силувал 18 месечно бебе пред своите деца!

Татко (33) е обвинет дека пред своите деца во семејната куќа во Њу Делхи силувал девојче од 18 месеци, инаку ќерка на првите соседи.

Девојчето инаку отишло да си игра со неговите деца  (две и четири години), а крваво и со болки пред куќата ја нашла нејзината мајка. Обвинетиот за овој грозен злочин му се заканува доживотен затвор.

По операцијата во болница во Њу Делхи девојчето е во стабилна состојба, а ја посетила и Свати Маливал, претседателка на Комисијата за жени во Делхи.

- Јадно дете не може ниту да зборува, само лежи, изјавила Маливел.

На својот Твитер профил напишала: „Одам да запознаам еднаиполгодишна жртва на силување. Не можам да опишам како се чувствувам. Таа поминала низ толку болки. Како ќе и одговорам на нејзините тивки прашања?“.

Околу 11.000 деца годишно се жртви на сексуално насилство во Индија, а околу три деца дневно се силувани само во Делхи.

ВИДЕО: Сакала невиноста на ќерка си да ја продаде на богат педофил

35- годишната Ирина Глаткин заврши во затвор по обидот да му ја продаде сопствената ќерка на богат педофил. Таа е осудена на четири и пол години затвор и и е одземено старателското право над нејзината ќерка.

Руската јавност , сепак реагира на благата пресуда. Поранешната Мис , Ирина , била уапсена во полициска акција кога од  градот Чељабинск летала кон Москва каде требало да се сретне со мажот , кој теебало да и плати 19 100 фунти за секс со нејзината ќерка.

На суд Ирина дошла во крзнена бунда , а повеќето време на судењето седела со наведната глава за да ги избегне камерите. Таа пред продажбата на својата ќерка , дури и извадила лекарска потврда дека ќерка и е невина, а снимила и серија фотографии од ќерка и во провокативни пози.

Ирина во ресторан во Москва требалио да се сретне со мажот , но полицијата дознала за планот и еден полицаец ја одиграл улогата на педофилот. Во моментот кога Ирина ги споменала парите и ќерка си , веднаш ја уапсиле.

Полицијата потврдила дека Ирина претходно се занимавала со проституција. Девојчето и е предадено на бабата, а не е познато дали е уапсен и богатиот педофил.

Се појави нова синтетичка дрога, една доза може да ве убие

Нова синтетичка дрога се појави во Србија и стана популарна меѓу младите, а е спој на канабоиди, активна супстанца на марихуаната и амфетамини во таблета.

Лекарите предупредуваат дека само една доза може да ве убие затоа што никој не знае колку амфетамини или канабоиди има во таблетата затоа што таа се изработува во „куќни лаборатории„. Освен тоа, ова е и нов начин на употреба на марихуаната која до сега главно се моташе во цигара, пишува Блиц.

Со оглед на тоа дека новата дрога стана популарна меѓу младите во Србија, прашање е кога ќе ја пробаат младите и во македонија.

Новата дрога што се појави во Србија не е испитана и не се знае како делува, предупредува стручњак за болезти на зависност, психијатар од Србија д-р Иван Димитријевиќ.

„Практично, кога се појавува нова дрога, почнува експеримент во живо, на луеѓто“, додава тој.

СТРАШНА несреќа: Починал на лице место

Страшна несреќа ја потресе Србија кога 36-годишниот Бојан Вујовиќ брзајќи да си ја види ќеркичката, замина во смрт.

На него на улица налетал автомобил Шкода, кога тој брзал од поранешната сопруга да ја земе ќеркичката и да го помине викендот со неа.

Тој ја завршил смената на работа, се спремил за да појде по ќерката и додека чекал на автобуската на него налетал автомобил кој загубил контрола и го усмртел веднаш.

Популарно