Еве кои кафеани МВР вчера ги затвори во Скопје

Во вчерашната ноќна акција на МВР во соработка со повеќе инспекциски служби се затворени вкупно 13 угостителски кафани, а контроли биле извршени во 24 објекти. Според информации на МВР затворени се следниве објекти.

1. Гостилница Мал Алтан

2. Кабаре Миднајт – ДПТУ Парламенто

3. Кафе бар Версаче

4. Кафе бар Јари Дупка

5. Кафе бар Конект – Тим Трејд Дооел

6. Кафе бар Ла Лара

7. Кафе бар Снеки бар

8. Ноќен бар Вокс

9. Ноќен клуб Аристократ

10. Ноќен клуб Капан Ан

11. Ноќен клуб Ле Клуб Из Дооел

12. Пивница Темов Доо

13. Ресторан Гиго

Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период. Нема да биде толерирано никакво непочитување на законите, велат од МВР. Повеќето од локалите кои вчера беа затворени се лоцирани во ГТЦ и во Старата скопска чаршија. Во дел од нив се кршеше и законот за забрана за пушење на јавни места.

ФОТО: Дрво смачка автомобил во Карпош 3

Меѓу фотографиите од невремето кои се појавија на социјалните мрежи имаше и фотографија на која се гледа како дрво паднало врз автомобил во скопската населба Карпош 3. 

Неколку дена по ред Скопје е зафатено од невреме, особено во поладневните часови кога невремето е проследено со дожд и грмежи, а на некој места имаше и појава на град. 

Во петок промена на возниот ред на автобусите на ЈСП

Поради државниот празник Рамазан Бајрам, во петок на 15 јуни, автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен летен возен ред, соопштуваат отттаму.

Корисниците на ЈСП Скопје возниот ред можат да го видат на веб страната на претпријатието jsp.com.mk.

Популарно