Владата ќе решава дали ќе се рушат „Ќосето“, „Мајка Тереза“ и „Воинот на коњ“

Работната група до Министерството за култура ги доставила првите елаборати за споменици од проектот „Скопје 2014“  – за Андон Јанев Ќосето кај комплексот судови и за Мајка Тереза и Воин на коњ на плоштад „Македонија“. Тие ќе бидат проследени до Владата која ќе одлучи што понатаму со нив.

– Во овој момент работната група работи, дел од елаборатите се подготвени и ги разгледуваме надлежностите кои институции на локално или централно ниво треба да преземе, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски, додавајќи дека процедурите се толку згрешени што е сложено и отплеткувањето кој е надлежен да преземе  активности во однос на овие објекти поставени во главниот град.

ВИДЕО од ноќното отстранување на споменикот на Ќосето

По детално испитување на фактичката состојба, надлежните служби донесоа решение дека се работи за дивоградба, соопштија денеска од општина Центар во врска со отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје.

При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар, се наведува, е констатирано дека спомен-обележјето не е поставено на одобрената микролокација и издаденото решение од страна на град Скопје.

Од општината посочуваат дека одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел тогашниот Совет на општина Центар на 28 декември 2012 година и тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период.

Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата. Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја..

Решението за поставување на спомен обележјето на Андон Јанев Ќосето е донесено од поранешниот Совет на град Скопје на седница одржана на 14 јули 2014 година, информираат од општина Центар.

Градоначалникот Шилегов, на конференцијата за новинарите изјави:

-  Споменикот е незаконски поставен и затоа ќе преземаме и слични дејствија,  но не наведе кои. Шилегов рече дека екипи на Градот Скопје за да не предизвикаат застој во одвивањето на сообраќајот на една од најфреквентните крстосници кај Врховниот суд, рано изутрината го отстраниле бесправно поставениот споменик.

На местото на постаментот ќе биде засадено дрво од Нирнберг и ќе биде поставена плоча за заштита на човековите права.

ФОТО: Град Скопје го тргна споменикот на Ќосето од пред судот

Споменикот на Ќосето е отстранет од тревникот на крстосницата кај Врховниот суд во Скопје.

Работниците кои утрово го тргаа Ќосето за добиле налог од властите на Град Скопје. Некои од нив рекоа дека по отстранувањето, ќе го носат споменикот во магацините на Металскиот завод Тито.

Споменикот со кама в рака на Андон Јанев-Ќосето, контроверзен лик познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, е еден од петте споменици кои се издигнаа на 7 септември 2014  на различни локации во Скопје, а кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Спомениците беа поставени во времето на градоначалникот Коце Трајановски.

Во крвта на силуваното девојче од „25 Мај“ е пронајдена дрога - била носена и пред МРТ

При испитување на крвта на 12-годишното злоставувано девојче од „25 Мај“, за да се утврди дали е бремена, анализите утврдиле дрога во нејзината крв. 

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа во вчерашното „Ноќно стдио“, на „Телма“ вели дека институциите потфрлиле при заштитата на девојчето за кое државата требало да се грижи, откако им била одземена на родителите. Според неа, се работи за исклучително интелегинтно девојче, за своја возраст. Во номеври минатата година наполнила 12 години, а првите извештаи за неа дека била жртва на сексуално злоставување потекнуваат од 2016 година. 

– Народен правобранител го испита случајот. Во декември 2016 е прво запишување за девојчето дека е во својство на минувач и до моментот кога јавноста дознава за неа имаме податоци дека е во постојано бегство. Имаме потврда дека била носена пред МРТ за да дава сексуални услуги. Цела година се случувало тоа и нешто да не се преземе е надвор од разумот – вели заменичката на народниот правобранител.

Популарно