(ВИДЕО) Снимка од која ќе ви застане здивот: Камион за малку ќе прегазеше дете

Еден возач на камион во Норвешка објавил видео на кое се гледа неверојатната реакција на колегата кој се наоѓал во спротивниот правец. Имено, едно дете излегувало од училишниот автобус и се обидувало да ја премине улицата.

Само и исклучиво благодарејќи на реакцијата на возачот, детето останало живо и здраво, а малкумина би се снашле на истиот начин.

Смртоносни секти активни на Балканот: „Од гробница извлекував деца избезумени од оргии“

Авторот на книгите „Секти и ментална манипулација“ и „Хорор пред нашите врати“ Димитрије Пастуовиќ поминал добар дел од животот истражувајќи ги сектите на овие простори, како и изучувајќи ги нивните ритуали.

Авторот раскажува за опасноста која сектите ја носат со себе, за тоа како да се тргнете од нив, каде регрутираат и како изгледаат нивните ритуали.

Секташките ритуали се далеку од она што е блиско и разбирливо за обичниот човек и своевиден приказ на изопачениот ум, пишува Курир.рс.

Од конзумирање на натопено пециво и леб во животинска крв, преку спиење во гробници, проституција, убиства и самоубиства, до оргии, припадниците на сектите не ги запира ништо.

Ова е својствено и за најопасната секта кај нас и во светот – „Црна ружа“.

– Повеќе пати влегував во нивните обреди и ги наоѓав на црни миси. Мисата започнува воглавно на скриени места или гробници подготвени за утрешниот погреб. Тие се собираат, а бидејќи ги мрзи да прават леб, купуваат погачи кои подоцна ги натопуваат во животинска крв. Тоа се случува со употреба на наркотици и завршува со оргии. Новиот член кој се иницира има услов да преспие во гробница која е подготвена за утрешниот погреб.

Пастуовиќ го опишува контактот со оние кои ги пронашол во гробници.

– Ги извлекував од гробници. Просто е неверојатно каква глетка е тоа и колку беа избезумени. Наоѓав и деца од 14-15 години.

Пастуовиќ тврди дека „Црна ружа“ е најопасна секта и кај нас и во светот.

Како што вели, сите нејзини членови воглавно завршуваат трагично, така што се убиени или сами се убиваат.

Последните зборови на, Чарлс Менсон - најсвирепиот убиец во светот

Еден од наусоривте масовни убијци на 20 век, Чарлс Менсон, почина пред неколку дена во болница во која бил префрлен од затворот  кога било констатирано дека е на смртна постела.

Злосторникот кој најпрвин е осуден на смртна казна, која потоа е заменета со доживотна робија, во историјата на криминалистиката влегува со свирепите убиства кои ги направија членовите на неговата секта „Семејство“.

Меѓу 35 жртви на оваа секта е и актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, која со 16 убоди од нож ја убиле во осмиот месец на бременоста.

Денес се откриени последните зборови на Менсон пред да ја испушти последната воздишка, а кои докажуваат дека и во смрт заминал онака како што живеел – како вистински лудак.

– Јас сум најпознатото човечко суштество не само помеѓу живите, туку и кое некогаш живеело. А се уште не сум мртов. Што ќе се случи која ќе умрам? – рекол Менсон на смртната постела.

Претходно Менсон, кога бил префрлен во болницата, негирал дека има врска со убиствата за кои е осуден на доживотен затвор, велејќи дека никогаш ништо не им наредил и дека членовите на сектата „Семејство“ можеле да ја напуштат истата кога и да посакале.

Очевидците на неговите последни денови додаваат дека не покажал ниту трунка каење.

ВИДЕО: Селфи од пеколот!

Новите хорор филмови во последниве години се повеќе психолошко, отколку страшни во самиот момент, но ова видео е различно. 

Доколку сте љубител на хорор филмовите, веројатно сте прилично уверени дека досега сте виделе се` и дека ништо не може да ве исплаши. Веруваме дека ќе го промените мислењето после ова видео. Имено, оваа застрашувачка сцена е од краткиот филм „Селфи од пеколот“. Добро подгответе се за она што следи:

Популарно