(ФОТО) Татјана Стојановска славеше роденден: Со кого најубавата ТВ презентерка на сите времиња ги дуваше свеќичките на тортата?

Иако кариерата на јавно лице ја започна како манекенка и мисица, долги години таа е едно од највпечатливите ТВ лица кај нас. Од МТВ, преку А1 до Канал 5… вестите речиси не можат да се замислат без да го видите нејзиниот лик и да го слушнете нејзиниот глас.

И покрај тоа што денес е дама во „зрели години“, убавината се уште извира од неа како и во деновите на нејзината младост.

Па не случајно неодамна и самиот Александар Билјановски Дадар – најпознатиот македонски стилист јавно изјави дека таа, Татјана Стојановска е: „…најубавата ТВ презентерка на сите времиња“, без конкуренција!

Татјана деновиве славеше роденден. На дамите ниту им се бројат ниту се прашуваат за годините! Ама затоа кога се познатите фаци во прапшање, сите се прашуваат со кого истите го слават роденденот. Љубопитноста кај народот отсекогаш била голема колку и желбата да дознае:  Кој тоа со убавата презентерка заедно ги дуваше свеќичките на тортата?

За да нема многу нагаѓања, претпоставки и „бош муабети“, самата Татјана се потруди „со отворени карти“ да настапи пред јавноста, па фотографиите од малата семејна роденденска прослава да ги постира на социјалните мрежи!

Во вистинска семејна хармонија, во друштво на синот, саканиот и нивните родители, ТВ презентерката на вестите на Канал 5  ги дувна свеќичките на тортата од бело чоколадо во форма на срце, која од срце нејзините најблиски и ја подарија!

ФОТО: Ова е сопругот на Елена Велевска

Фолк-пејачката Елена Велевска на својот инстаграм-профил објави фотографија од својот сопруг Маријан. Иако е сопруг на една од нашите најпознати фолк-пејачки и екслузивка на бугарската продуцентска куќа „Пајнер“, тој ретко се појавува во јавноста. Елена, пак, вели дека тој и не сака медиумски да се експонира, но  целосно ја поддржува во работата и околу нивните три деца.

Во интервју за „Репортер“, таа неодамна изјави дека Маријан ја поддржува во сè, особено во кариерата, и да не било така, до сега ќе завршел или бракот или кариерата.

Ја крие како змија нозете: Ова е сопругата на Дино Мерлин која ја крие од јавноста

Дино Мерлин е еден од ретките уметници кои на публиката единствено им ја покажуваат својата музика, додека приватниот живот го чуват за себе.

Неговата сопруга Амела не сака да се фотографира за медиумите, на големите концерти на својот сопруг секогаш е зад сцената далеку од фоторепортерите.

Погледнете како изгледа:

(ФОТО) Тажна животна приказна на браќата Дејан и Саша Матиќ – погледнете како изгледаат без очила

Близнаците  Дејан и Саша Матиќ се родени на 26. април 1978 година како здрави, но прерано родени кои мајката и таткото морале своите деца да ги сместат во инкубатор во породилиштето во Загреб.

Од неутврдени причини, двете бебиња по само неколку дена во болница, ослепеле, а тој недостаток судбината им го надоместила со извонредниот музички телент кои со години се едни од најпопуларните пајчи во Србија и во регионот.

На најпопуларните пејачи на народната музика многу често во медиумите им биле поставувани чудни прашања кои водителите најверојатно не се добро упатени околу нивната животна приказна.

Како на пример, еден ТВ водител го прашал Саша за неговиот брат Дејан – дали е вистина дека поради него не сака да ги оперира очите, иако знае дека после тоа ќе прогледа, што ова не е случај кај Саша.

Пејачот рекол дека нема одговор за тоа.

Очигледно дека поради недоволно информираност на водителот за нивната животна тажна приказна, знаат да направат голема непријатност. Тие двајца, имено, како недоносени близнаци биле во инкубатор и поради невнимание на медицинската сестра  ослепеле, а бебињата биле родени со извонреден вид.

Но, сепак многу малку е познато како Саша изгледа без очила.

Погледнете…

Популарно