(ВИДЕО) Нимиц идната недела во Брисел ќе ги сослуша преговарачите, Хан доаѓа во Скопје

Медијаторот Нимиц ќе се сретне со преговарачите Василакис и Наумовски, придружувани од по еден претставник на двете министерства за надворешни работи на 20, односно 21 ноември, обелодени премиерот Зоран Заев.

Прашањето за решавање на спорот за името добива на актуелност во земјава, а Македонија и Грција покажуваат поголема одлучност во подготвеноста за конечно решение, изјави Заев по средбата со словенечкиот премиер Миро Церар. 

,После завршувањето на локалните избори беше логично да се направи нов обид на решавање на овој суштествен или чувствителен проблем, кој што го има Република Грција со нашето уставно име, а кој истовремено е пречка за нашите интегративни процеси. Процесите веќе почнуваат, на 20 или 21 ноември очекуваме да се направи првата средба помеѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Метју Нимиц. Во ноември очекуваме тие преговори да се интензивираат. Ние во Македонија се обидуваме да изградиме национален консенсус. Сите, претседателот на државата, владата, опозицијата, но во функција на наоѓање решение, не на негово одложување. Навистина градиме и пријателски односи со Република Грција и во ваква пријателска атмосфера јас верувам лично, искрено  да се најде решение и на ова горливо прашање. Така да, Македонија влегува во обид, кој што се надевам дека ќе биде последен со конечна цел решавање на проблемот кој што Грција го има нашето уставно име‘‘, рече Заев. 

Спорот за името, беше една од главните теми и на вчерашната средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција во Брисел. Од кабинетот на Димитров не соопштија прецизни детали:

,,Министрите разменија мислења како претстојниот период најдобро да се искористи за постигнување напредок во процесот под покровителство на ОН, кој се очекува да биде обновен во најскоро време. Соговорниците изразија заложби за водење отворен, конструктивен дијалог во добра верба, низ кој меѓусебната доверба ќе расте и во иднина‘‘, објавијса од МНР.

И Коѕијас, беше скржав на зборови. По средбата изјави дека разговарале за модалитетите на комуникација. 

,,Разговаравме за прашања поврзани со комуникациите, комуникациските механизми во ЕУ, при што потенцирав дека мораме да имаме исправна политика за да имаме исправна комуникација‘‘, изјави Коѕијас.

Непосредно по средбата со Димитров и вицепремиерот Османи, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави дека следната недела доаѓа во Скопје, за да ја поттурне позитивната динамика во реформите и да побара конструктивна соработка од сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата. 

Мухиќ: Гласав против договорот, за ратификација ќе видиме

Пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ гласаше против  Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Грција и Македонија, па за НОВА истакна: „Јас сум против Договорот и таков став имам веќе 27 години. Затоа гласав против“.

На прашање дали ќе гласа против и за ратификација на Договорот, рекол „ќе видиме“.

Коѕијас: Не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена

Склучивме меѓународен договор и ги земавме предвид нашите и нивните интереси, треба да живееме во мир, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција, во интервју за грчката телевизија „Антена“.

Во однос на информациите и тврдењата на поранешниот пратеник од Независни Грци, Димитрис Каменос дека со договорот Грција во замена добила економски олеснувања, Никос Коѕијас категорично демантира.

– Не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена, направивме најдобар договор – вели министерот за надворешни работи на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, по објавувањето на договорот, во Грција, не стивнуваат негативните реакции, во однос на вклучувањето на терминот „македонски“ за јазикот и државјанството. Никос Коѕијас, во однос на јазикот повтори дека тој е уште од 1977 признат во ОН, додека пак за самоопределувањето рече дека тоа е право кое што никој на никого не може да му го одземе.

– Во однос на прашањето Македонија и Македонци, тоа е она што тие во преговорите, го поставија како главна тема за која не преговараат, да го задржат нивното самоопределување. А главното и најтешко прашање во преговорите, е да не им го дадеш. Затоа што, ако не им го дадеш, го негираш највисокото право признаено од ОН и меѓународното право за самоопределување, односно правото да се именуваат онака како што тие сакаат. Ако го сторевме тоа, немаше да има договор – рече Коѕијас.

Коментирајќи ги реакциите во Грција, тој рече дека мнозинството од народот сфаќа дека грчката Влада „не создаде, туку реши проблем“, но и дека „секоја промена создава несигурност и прашања“, исто како кога „некој што е целосно вљубен и се спрема за брак и ќе умре ако не се ожени, но се прашува дали е тоа правилно.“

За последната анкета според која седум од десет Грци се против договорот и вклучен терминот Македонија во името, Коѕијас вели дека 47 отсто наспроти 44 отсто од граѓаните се согласуваат со владата според актуелните истражувања.

– Тоа истражување е објавено пред три години и го објавуваат повторно сега. Ги знам јас тие работи, ги проучувам. Тоа е истата анкета со истите резултати. Имам и јас актуелни истражувања. На почетокот во водство беа оние што имаа сомнежи и сега со мала разлика оние што се согласуваат со нас. 47 отсто наспроти 44 отсто се, истакна Коѕијас за „Антена“, пренесе МИА.

Шефот на грчката дипломатија изрази надеж дека договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент и покрај несогласувањата од коалициониот партнер во владата, дека сепак ќе биде поддржан не од Независни Грци, туку од пратеници на опозициските партии.

На прашањето зошто и во Грција нема да се одржи референдум, Коѕијас рече дека тие не менуваат Устав или име за да треба народот да одлучува.

Никос Коѕијас во интервјуто го коментираше договорот, колку е тој и во кои делови корисен за Грција, но и за стабилноста во регионот и повторно упати критики до опозициската Нова демократија за позициите што партијата ги имала додека се воделе преговори кога била на власт.

Во новинарско прашање дека Ципрас во договорот ја прифаќа македонската националност вели дека во договорот стои државјанство, но не и признавање на националноста.

-Каде во договорот гледате признавање на националноста? Договорот зборува за државјанство што е различно од националност, потенцира Ципрас.

Новинарот го праша и како ќе не викаат другите држави, а Ципрас на тоа вели:

-Чекајте досега меѓународната заедница ги викаше Македонци, сега ќе мораат во обраќањето кога ќе речат Македонци да додадат, граѓани на Северна Македонија. И во овој случај добиваме, заврши Ципрас.

Само еден пратеник на СДСМ гласаше против донесувањето на Договорот со Грција

Пратеникот  Ферид Мухиќ кој е дел од коалицијата на СДСМ а во Собранието влезе како независен пратнеик не даде поддршка Договорот со Грција во Собранието да помине по скратена постапка. 

Мухиќ и претходно покажа несогласувања со договорот.

Останатите пратеници на СДСМ и албанските партии го поддржаа договорот. ВМРО-ДПМНЕ гласаше против

Популарно