(ВИДЕО+ФОТО) Брачни проблеми на турскиот убавец: Првите месеци во бракот донеле и големи кавги!

Иако во брак се само неколку месеци, славниот турски убавец Бурак Оџивит, веќе се соочува со големи проблеми.

Славниот турски убавец, Бурак Оџивот, звезда на многу популарни серии, неодамна вплови во брачните води вселувајќи се во својата вила од соништата. Меѓуто, вселувањето ги донело и првите брачни проблеми па и кавги.

На славниот пар на одржувње на вилата и дворот им требала стручна помош, но се плашат дека ако некого вработат информациите за нивниот приватен живот ќе дојдат во јавност.

 

🙌🙌💫🍾🎉🎊🎀💗 #burakozcivit #fahriyeevcen #wedding

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit1984_cro) on

Фахрие веќе имала неколку разговори со лицата кои пристигнале со препораки од агенции, но соодветна помош двојката сеуште не успеала да најде па парот за помош се обратил кај пријателите:

„Сакаме жена од доверба која знае да молчи за да она што се случува во куќата тука и остане“ порачале младенците.

 

Iyi geçeler 🌜🌟😍💑💗💘

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit1984_cro) on

Да потсетиме, Бурак моментално не е од голема помош бидејќи неодамна се повредил на снимање, за време на борбата со колегата Керем Бурсин поради што бил во болница.

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on

ВИДЕО: Познати актери кои не глумеле во секс сцените!

Сексуалните сцени во филмовите се глума, како и останатиот дел од филмот, но некогаш актерите се согласуваат навистина да имаат секс пред камерите. 

Погледнете  од видеото што следи кои имале вистински секс пред камерите, иако сте мислеле дека глумат.

ВИДЕО: Ова е забранетата сцена од серијата „Македонија“

По серијата препукувања преку медиумите меѓу Агенцијата за филм и „Јадран филм“, денеска на својот јутјуб-канал продукцијата ја објави забранета сцена од серијата „Македонија“.

„После фантастичниот успех на трејлерот на серијата и огромен број на позитивните критики од сите сегменти на македонското општество и од сите страни на политичкиот спектар, дојде време за нова фаза во која се претставува една од сцените на серијата, и тоа оние забранетите. За сите вас драги гледачи, следат и нови сцени, со кои ќе ве воведеме во серијата Македонија“, пишува во соопштението на продукцијата.

Агенцијата за филм, односно в.д. директорот Горјан Тозија и „Јадран филм“ една недела полемизираат преку медиумите по одлуката на Владата договорот за серијата „Македонија“ да биде раскинат поради констатирани нерегуларности, за што се води предистражна постапка во обвинителство и финансиската полиција.

Од „Јадран филм“ тврдат дека серијата е снимена, но досега го презентираа само трејлерот и 49 секунди од, како што велат, забранетата сцена.

ФОТО: Ајшеѓул никогаш попровокативна

Турската актерка Бурчин Терзиоглу, кај нас периодов е актуелна преку серијата „Мојот син“ каде игра главна улога со актерот Икер Калели  и наедно нејзиниот сакан и во приватноста попознат како Појраз.

Освен актерските ангажмани, Бурчин поради својата несекојдневна убавина се почесто е дел од реклами и модни фотосесии, а деновиве на својот Инстаграм изненади со фотографија на која носи длабоко деколте од кое ги покажа градите, стајлинг кој не баш е карактеристичен за нејзиниот дискретен стил на облекување.

Популарно