Жена на педофил:„Секој вечер одеше кај нашата внука во соба…“

Додека била кај дедо и на чување, често се будела без гаќички, со откопчани панталони, со ужасни болки во стомакот…

Татко од пеколот, задарски Фритзл…За таткото од Задар, Хрватска, кој со години го злоставувал своето семејство, а најстарата ќерка и’ психички и сексуално, која како малолетничка останала бремена од татко и и’ му родила дете е еден од најлошите случаи од судската пракса во Хрватска, поврзана со педофилија и инцест.

Ќотек, навреди, омаловажување и незамисливо злоставување за децата од ова повеќечлено семејство биле секојдневие. Живееле некако со тоа, а мајката молчешкум преминувала преку се, како што и во повеќето случаи е.

На соседството му бил сомнителен односот на таткото и најстарата ќерка од која не се одвојувал, но реагирале само поради бучава која била секојдневна појава во тој стан. Полицијата пишувала пријави поради нарушување на јавниот ред и мир, како и поради семејно насилство, но не ги откриле размерите на насилството.

Подлабоко „не копале“ ниту социјалните работници откако малолетничка, од тоа семејство, родила дете, а идентитетот на таткото останал непознат. Сето тоа со години се случувало во станбена зграда во населен градски кварт.

Се иживувал на внуката која имала пет години

„Сите го викаат педофил. Соседите, робијашите во Лепоглава, и тоа ми е најлошо. Болен е и мислам дека нема да издржи до крај и дека нема жив да излезе од затвор. А, сеедно се надевам дека ќе го помилуваат. Повторно, ако се врати, нема да му биде лесно на соседите да им погледне во очи“ зборува и плаче 70. годишна жена, сопруга на 75. годишен педофил кој поради сексуално злоставување на својата внука добил осум години затвор.

Еден од ретките педофили во Хрватска кому вештаците психијатри му дијгностицирале педофилија бидејќи сексуално се иживувал на својата внука, кога имала само пет години.

Полуден дедо, стоело во пресудата, во својот стан во средиштето на град во Истра, почнал да се задоволува кога неговата внука имала само шест години.Тоа го правел цели 11. години заканувајќи и се да молчи. Додека била кај него на чување често се будела без гаќички, откопчани панталони, ужасни болки во стомакот…

Разголена ја допирал по целото тело. Злоставувањето кулминирало во нејзината 12. година, кога ја силувал.Полудениот дедо продолжил да се иживува над немоќното девојче се’ до нејзината 17. година кога таа својата мрачна тајна им ја раскажала на родителите.

Својата трагедија ја опишала во писмо

„Тато, дедо ме силуваше“ биле единствените зборови на несреќното девојче пред покривајќи го лицето се расплаче.

Својата трагедија детално ја опишала во писмо кое ги шокирало родителите, бабата па дури и полицајците. Педофилот бргу завршил зад решетките…

Меѓутоа, девојчето во писмото напишало и’ дека во една пригода и се пожалила на баба и дека дедо и ја фаќа по градите. Баба и не и поверувала туку и објаснила дека „дедо само контролира дали дишеш“. Психичката состојба на несреќното девојче, сега веќе 22. годишна девојка, е тешко нарушено поради претрпената траума.

„Го презирам. За мене тој како човек не постои. Тој нема повеќе што да бара на улица, а на сите би ни било полесно стариот педофил пред да оди во затвор да се обесеше“ рекол таткото на несреќната девојка.

(Видео) Ученик и професорка страсно се бакнуваат среде час

Неименувана универзитетска професорка, наводно била избркана од своето работно место откако протече видео кое потврди дека таа се бакнувала со еден од нејзините студенти среде час.

Недоличното однесување го снимиле колегите на младиот и многу самоуверен Ромео на Државниот транспортен универзитет во Нижни Новгород, а во меѓувреме тамошните портали објавија дека снимката била направена минатата година откако училиштето добило дојава дека професорката многу лесно влетувала во романтични авантури.

Во однос на образовната институција во која е снимен скандалот, корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека младиот заводник бил полнолетен кога му паднало на памет да ги почувствува усните на својата професорка, па во овој контекст, ниту руските портали не спомнале некаква истрага.

Засега не можеа да потврдат информациите дали навистина професорката е отпуштена поради ова.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Бебе во Америка починало откако мајката го оставила да спие во рерна

Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.

Како што објави обвинителот, бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна.

Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.

„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.

Пијан полицаел застрелал жена во грб, па додека лежала на земја испукал уште 15 куршуми

На Елвис Ќустендил, осомничениот за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година, в.д. обвинител на Кантоналното обвинителство му одредил притвор, пренесува Аваз.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственик на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Припадниците на Секторот за криминалистичка полиција извршија кривична истрага, а заедно со пријавата за стореното кривично дело, пријавениот е предаден на Обвинителството.

Популарно