ФОТО: Македонската пејачка речиси гола и без гаќички

Почна амбициозно, растеше во прилично тензични и тешки услови, а затсношти наполни 10 години. Да, МАРС (Македонскиот радиски фестивал) одбележа јубилеј! Се случи уште едно издание посветено на домашната музика на кое на сцената во МОБ продефилираа најуспешните за оваа 2017 година, а меѓу нив Сара Мејс, ДНК, Димитар и Тајфата, Кристина Арнаудова, Наташа Малинкова, Некст тајм, Меморија, Викторија Лоба.

Меѓу наградените во сите 12 категории за кои одлучуваа триесетина радиостаници од целата земја, како и новинарите од печатените медиуми и некои интернет портали, кои ја доделија наградата за најубав текст, се најдоа:

1.АЊА ВЕТЕРОВА – “Рам Бам Бам” – (Ѕвезда што се раѓа)
2.ДИМИТАР И ТАЈФАТА – “Остани” – (Радиски хит со етно мотиви)
3.САРА МЕЈС – “Небо” – (Радиски диско хит)
4.ВИКТОРИЈА ЛОБА – “Дојди” – (Радиски поп хит)
5.ДНК – “Невозможна мисија” – (Ар ен би хит)
6.КРИСТИНА АРНАУДОВА – “Љубена” – ( Најдобра радиска балада)
7.ТЕА И ПАНЧО – “Рушевини” – (Партнерство за хит)
8. АЈ КЈУ – “Мојот крал” – (Радиски хит изведен од група)
9.НАТАША МАЛИНКОВА – “Хеј мама” – (Радиски хит изведен од женски вокал)
10.ЛОЗАНО – “Ова лето ќе се памти” – (Радиски хит изведен од машки вокал + Апсолутен радиски хит+Најдобар текст на песна)
11.НЕКСТ ТАЈМ – “Слушам кај шумат шумите” – (Најдобра преработка)
12.МЕМОРИЈА – (Награда за трајни вредности)

А погледите ги собра,Младата пејачка Теа, која ја освои статуетката Партнерство за хит за темата “Рушевини” со Панчо од ДНК се појави во креација со која ги остави буквално без здив присутните во салата, но и оние пред малите екрани и под која немаше гаќички. Храбро!

ФОТО: Водителот Жанко „З’ш“ Голабоски бара девојка… „по хроно“!

Охридскиот радио и ТВ водител Жанко „З’ш“ Голабоски важи за голем љубител на природата, ама и за голем шегаџија. Познат по неговите „З’ш“ авантури на возење велосипед, пешачење, планинарење… на себесвојствен начин ја развива еко културата во Македонија и е еден од ретките кај нас што го прави тоа:  ужива во природата, а при тоа  ја пази, чува и негува.

Патем, не ја пропушта можноста некоја од своите шеги да не ги интегрира и кога е во акција, на пат, на терен во некоја од своите еко авантури.

Арно ама, спортскиот живот бара и специфична, здрава исхрана. Па како што на Жанко му летаат „пеперутки во стомак“ кога е на некоја од своите авантури во природа, така му влезе и чивијата дека треба  да го промени и својот начин на исхрана.

А пустото, сам ниту се јаде, ниту се пие, па затоа Жанко наш, решил да си најде друштво. И тоа не било какво, туку женско. Девојка „за озбилно“… За дружба при јадење… За оброци во двојка!

Девојка за кркање во двојка – ДА, ама не било каква. Жанко бара „девојка по хроно“!  Па на социјалните мрежи пуштил оглас. И сега понудите ги чека во инбокс.

Во меѓувреме веќе има две пријави: Едната е ќерка на касапот од  „Даљан“…

…А другата е моторџика… на оној, мајсторон за ауспуси од „Рача“!

Засега изборот е тесен, ама има време… Конкурсот е отворен.  Останатите пријави се очекуваат до Нова година во инбокс. Дотогаш, охридскиот радио и ТВ шегаџија ќе мора да се храни – соло! И тоа како ќе му дојде! З’ш таке морат! Епа, наздравје!

ФОТО: Стефан од „Некст Тајм“ ги покажа своите неоткриени квалитети, а се пофали и со уште еден успех за гордост

За браќата близнаци од „Некст Тајм“ е добро познато дека кога е во прашање музиката и кариерата, трпеливо и внимателно избираат што ќе и понудат на публиката, а ваквата девиза им се покажа како успешна.

Кога пак приватноста е во прашање, за Мартин е познато дека го обожава фотографирањето, а пак Стефан освен што е вљубеник во моторите, сега откри дека има квалитети и за готвење во кујна.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Vintage soul!!! #caferacerxxx #caferacer #bratstyle #caferacers #motorcycle #oldtimer #hondacb #hondacb650 #hondacb750 #honda

A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on

Дека ужива во одлично приготвените рецепти по сопствен вкус, покажа со една од последните фотографии на која го откри своето кулинарско дело, односно мајсторски подготвениот говетски стек, сервиран како од ресторан.

Дамите кои готват, па и оние што не така добро се снаоѓаат во кујна, сигурни сме дека би се воодушевиле, но најмногу неговата сакана која очигледно е среќничка што има ваков шеф крај себе.

Браќата не се од оние познати личности кои преферираат активно окупирање на социјалните мрежи и знаат да се пофалат само кога има нешто големо, како во случајот.

Имено, тие на официјалната страница на „Некст тајм“ објавија дека нивната преработка за песната „Слушам кај шумат шумите“ на интернет каналот Јутјуб достигнала 4 милиони прегледи и поради ваквиот успех се заблагодарија на сите оние што им помогнаа во остварување на соништата.

Во продолжение уживаjте во празникот за уши и очи со кој браќата со право се гордеат:

ФОТО: Водителката на „Бекстејџ“ направи драстична промена

Неодамна на ТВ екраните се врати и естрадниот магазин „Бекстејџ“  во кое од прилозите може да дознаете интересни новитети за личностите од јавниот свет.

Миа Костова пред ТВ екраните секогаш изгледа средена и подготвена кога камерата треба да е „он“.

Таа редовно го негува својот изглед, а русата коса е нејзин заштитен знак.

Меѓутоа, овој пат ги изненади своите следбеници кога на „Инстаграм“ објави фотографија на која водителката не е повеќе русокоса, туку има црна коса.

Сепак, станува збор за перика за  рекалмирање на еден бренд на која самата водителка е заштитно лице.

Некои од фановите и коментираа дека подобро и стои русата коса, некои истакнаа дека  и вака изгледа убаво.

Како ви се допаѓа Миа со црна коса?

Популарно