(ВИДЕО) Го жртвуваше својот живот за да спаси мало теле од алигатори

Група гладни алигатори го обиколија малечкото теле кое беше заглавено во густото блато. Теленцето не можеше да се помрдне, а предаторите само го набљудуваа и ја чекаа шансата да го зграбат со челустите.

И веројатно сцената ќе имаше таков епилог каков што ви сопоменавме, да не бeше овој храбар човек, кој реши и по цена да се стави самиот себеси во ризична и опасна ситуација, да го куртули телето од крволочните алигатори.

ВИДЕО: Наишле на питон со надуван стомак - кога откриле што изел, не можеле да поверуваат

Во еден резерват во Јужна Африка забележана е неверојатна глетка. Работниците во резерватот пронашле питон со огромен, потечен стомак.

Змија веќе била мртва, но работниците сакале да знаат што е причината за тоа.

Она што го откриле и тоа како ги шокирало… Змијата буквално земала преголем залак.

Имено, таа во себе 13 килограми тешко бодликаво прасе.

Погледнете го видеото:

ФОТО: Петар уловил вистински ѕвер

Петар Максимов од Чељабинск од Русија успеал да улови дива свиња од половина тон во шумите на Урал. Овој 36-годишен ловец, ловел во шумата во близина на селото Сокуров, ставил мамка и чекал да се појави свињата.

Не е познато што користел како мамка, но со тоа ја привлекол најголемата дива свиња кој некогаш ја  видел во животот.

По шокот се смирил и пукал во свињата, но не ја убил.

Ранетото животно побегнало во шумата, а Петар бил многу исплашен па повикал помош.

– Свињата беше толку голема, што не можевме да ја внесеме во автомобилот. Моравме да ја врземе со јаже и така да ја влечеме до селото. Кога стигнавме беше касно навечер, а луѓето во шок излегуваа од куќите и го гледаа животното, – изјавил Петар за руските медиуми.

Познато е дека дивите свињи во источна Европа можат да достигнат големина мечка и тежина над 270 килограми, но оваа свиња е несомнено една од најголемите членови на својот вид.

Од Анима Мунди порачуваат “Пријавете злоупотреба на животните“

Здружението за заштита на животни „Анима мунди", информира за два случаи на насилство врз животни, кои биле извршени во ист ден и за нив бараат итна истрага и казна за извршителите. „Загрижени граѓани ни доставија видео материјали за случај во Зелениково, каде повозрасен "човек" со ножици сече уши на куче во двор! И случај во Велес каде малолетник бездушно неколку пати крвнички удира мало кутре кое едвај тежи 5 Нагласуваме дека случајот во Велес не е изолиран, бидејќи во пораки ни стигнуваат сè повеќе и повеќе видеa од истиот малолетник како малтретира животни" велат од „Анима мунди".За двата случаи, како што информираат, известена е полицијата и АХВ, а за случајот во Велес дополнително ќе бидат известени и социјалните служби.

„Им благодариме на загрижените граѓани, кои ни ги испратија видео материјалите и жалиме што морале да посведочат на одвратните настани, кои за жал веќе се секојдневие кај нас. Ова веќе е црвен аларм дека навистина институциите вклучувајќи ја и полицијата мора да се посветат на спречување и казнување на насилството. На малолетникот и на неговите родители мора да им се предочи сериозноста и кривичниот карактер на деликтот додека не е предоцна. Дека имаме сериозен проблем сведочи и тоа што неговите другари, 15 годишници неговото девијантно однесување го оправдуваат со тоа дека кучето е негова сопственост. Зарем можете да спиете мирно додека малолетници кои треба да бидат нашата иднина сметаат дека насилството врз животно може да се оправда со тоа што малтретираното животно е во сопственост на неговиот мачител. Што ќе биде кога истите тие деца ќе бидат родители?" прашуваат од здружението. За жал, како што велат оттаму, убиецот на Идриз , кој го обезглави среде ден помина само со казна од 1000 евра.„Зарем за вакво опасно однесување постои цена која може да се плати? Дали безбедноста на останатото население има цена? Ова се монструозни дела, а за жал ниту се први ниту последни во нашава држава и не смеат повеќе да бидат игронирани! Тие се дрзнуваат да мачат и убиваат животни зошто не чувствуваат закана од институциите и законите и од ништо не се плашат! Во Македонија нема одговорност за убивање на животни! Дали имаме намера конечно да станеме правна држава?" оценуваат од „Анима мунди".Здружението ги повикува институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек

Популарно