Еве што птицата на вашиот месец на раѓање открива за судбината која ве чека

Дали сте знаеле дека секој месец во календарот е претставен од страна на одредена птица? Таа птица открива многу за вас самите, за вашиот карактер, како и за особините што ги поседувате. Дали сте мудар був, весел канаринец, верен орел, херојски јастреб или некоја друга птица? Пронајдете го месецот во кој сте родени и погледнете која птица е негов симбол. Сигурни сме дека ќе ги препознаете овие особини кај себе.

1. Јануари – Був

Вашата омилена изрека е „Тивка вода брег рони“. Внимателно ги избирате зборовите и мудро ги водите разговорите. И покрај вашата мирна природа, вашата елоквентност во креативното пишување ги изненадува другите, особено вашиот начин на изразување кој ги остава сите без зборови. Вие комуницирате по сопствени услови, но бидете сигурни дека вашите мисли се длабоки и значајни.

2. Февруари – Папагал

Вашата птица има слободен дух. Никогаш досадни или предвидливи, вие сте познати по својата способност да гледате надвор од границите на обичното. Креативното пишување, уметноста или музиката се вткаени во вашата личност. Вашите пријатели и сакани личности се константно инспирирани од вашиот едноставен карактер и искрената волја за живот. Не сакате светла од рефлектори, но по вас сите ќе се свртат.

3. Март – Црвеногушка

Црвеногушките се птици на истрајноста. Имате неверојатна способност да го преживеете и најсилното невреме. Вашите сакани имаат страхопочит кон вашата сила и убедувања, без разлика дали го признаваат тоа или не. Одвреме-навреме се заморувате, но ретко покажувате тоа. Наместо тоа, ќе ја фокусирате целата ваша сила на наградата која ве очекува – силни и стабилни.

4. Април – Канаринец

Малечките канаринци ги краси насмевка и разиграност. Понекогаш сте кловн, а понекогаш мудрец. Не сакате ништо повеќе од тоа да развеселувате и да забавувате сѐ околу вас. Вашите шеги и смисла за хумор се она заради кое сите ве обожаваат.

5. Мај – Славеј

Како слатката песна на оваа птица, вие ќе го разведрите денот на секој што ќе го сретнете. Секогаш сте позитивни и со заразно расположение заради кое сите ви завидуваат. Никој не останува имун на вашата насмевка и никој никогаш нема да ве види без неа.

6. Јуни – Галеб

Кралска птица. Вие сте роден лидер, без разлика дали го сфаќате тоа или не. Вие сте крал на организирањето и делегирањето. Ќе ја преземете надлежноста и од хаосот ќе создадете ред, без разлика дали станува збор за работи од исклучително значење или едноставно организирање. Вие не можете да живеете без листа на обврски.

7. Јули – Орел

Како и оваа птица, така и вие имате голема самодоверба. Вашата вештина за слушање е подобра од сите останати. Дури и тоталните странци ќе ви ја раскажат својата животна приказна. Верни сте и знаете да чувате тајна. Исто така, вие сте способни да дадете трпелив совет од срце за да ги насочите другите во вистинска насока.

8. Август – Рибарче

Малечките Рибарчиња се познати по тоа што се пријателски наклонети кон луѓето. Вие не само што уживате во запознавањето нови луѓе, туку правите и другите луѓе да уживаат во запознавањето со вас. Познати сте како исклучително добродушни и подготвени да му помогнете на секој кој ќе дојде во контакт со вас.

9. Септември – Јастреб

Вие сте херој на сопствената приказна! И покрај многубројните предизвици, вие секогаш застанувате на нозе. Вашите дела не поминуваат незабележани, но сте подготвени да затрубите во сопствениот рог за помош. Овој микс од херојство и понизност ве прави да бидете обожавани и на работното место и во домот. Луѓето се потпираат на вас и нивната доверба никогаш не сте ја изиграле.

10. Октомври – Лебед

Вие сте поправач, оној кој секогаш има одговор за сè. Сакате да помагате и ќе пронајдете решение за кој било проблем во рекорден рок. Сакате да бидете во право и обично и сте. Секој најпрво ќе се обрати кај вас за некоја тешка ситуација или кога им е потребен совет. Вие секогаш ќе имате лек!

11. Ноември – Петел

Вие сте најдобриот пријател кој човек може да го посака. И во добро и во лошо, вие ќе бидете на страната на пријателот и ќе го чувате неговиот грб. Не само што ги водите другите по правилниот пат, туку и спречувате да им биде досадно.

12. Декември – Врана

Возбудлива птица на интригата и мистеријата. Вие сте самотник и авантурист. Самоуверени и љубопитни, во постојана потрага за нови возбудувања. Се потпирате на себе и совршено сте среќни со самите себе. Вие можеби не сте во центарот на забавата, но вашиот живот е исполнет со нови искуства.

Превземено од http://www.kafepauza.mk/

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно