Соборен рекорд за производствто на кокаин

Најновиот извештај на Обединетите нации, Колумбија го собори сопствениот неславен рекорд во производство на кокаин.

Минатата година во земјата се произведувало растението кока на 171 000 хектари, односно за 25 000 хектари повеќе од претходната година.

Во истиот извештај на комитетот за дрога при ОН се наведува дека во земјата се проиведувеле околу 1 379 тони кокаин во 2017, што е повеќе за 31 процент отколку во 2016.

Сето тоа се случува и покрај мировниот договор потпишан во 2016 со левичарските бунтовници. Со тој договор заврши граѓанската војна, која траеше 52 години и во која беа убиени 260 000 луѓе и раселени 7 милиони од населението.

Во договорот е наведено дека земјиштето на кое се одгледува кока треба да им се даде на фармерите за на него да одгледуваат какао и кафе.

Претседателот на Колумбија, Иван Дукуе, се надева дека следната година ќе ги намали површините под кока на 140 000 хектари.

Видео: Лозано покажа „атрибути“

Влатко Лозановски е на одмор. Тој се пофали дека последните денови од летото ги минува на море и на изненадување на своите обожаватели, објави слика со голо торзо, спремен да оди на капење.

Погледајте видеа како Лозано се одмара:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LOZANO (@vlatkolozanoski) on

Видео:Во која земја е дозволено да спиете на работа?

Ако сакате работа од соништата, можете да размислите за преселба во Јапонија бидејќи токму таму спиењето на работа е сосем прифатливо.

Јапонците го имаат дури и терминот инемури, што значи присутен додека спие, пишува „Дејли мејл“.

Оваа практика беше делумно воведена поради долгите работни часови во Јапонија и фактот што луѓето во оваа земја спијат во просек само шест часа.

Меѓутоа, за инемури важат одредени правила. Ако сте нови во компанијата и сакате да покажете колку вредите, не смеете да спиете. Меѓутоа, ако имате 40 или 50 години, можете слободно да спиете. Колку повисоко сте на општествена скала, толку повеќе ви е дозволено да спиете на работа, вели д-р Бриџит Стигер, кој специјализира за јапонската култура.

Дури и кога на човекот му е дозволено да дреме на работното место, правилата на инемури бараат работниците да бидат способни да се вклучат во секој разговор секогаш кога тоа е потребно и тоа во истиот момент.

Популарно