Ископал тунел од дома до кафеана, пиел секоја вечер додека жена му спиела

Водоинсталатер од Ирска, верувале или не, ископал тунел од својата спална соба со локалниот паб кој се наоѓа на 800 метри одалеченост од куќата.

За тоа му биле потребни цели 15 години, а на идејата дошол откако гледал филм. Причина – неговата сопруга силно хрчела.

Патси К. добил повик за на суд откако поради него под куќата на соседот пукнала канализациона цевка.

Тој на суд раскажал се поврзано со неговиот тунел, како и причините поради кои копал изминатите 15 години.

-Мојата жена има проблем во хрчењето. Откако го гледав филмот The Shawshank Redemption во 1994 година одлучив да преземам нешто во врска со тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правец на пабот. Ги користев сите можни алати, од лажица до бушилка за тунел која успеав да ја однесам во дупката додека сопругата беше на пазарување. Дури во 2009 успеав да излезам на другата страна и тоа во женскиот тоалет, изјавил Патси.

Изминатите пет години, Патси секоја вечер одел во пабот во 23 часот и се враќал во 1 часот по полноќ.

Неговата жена не ни насетувала што прави тој и каде е додека таа спие.

-Да бидам искрен, мило ми е што сум фатен. Сопругата наутро секогаш чувствуваше дека мирисам на алкохол, а јас и одговарав дека тоа е мојот природен мирис. Беше само прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственикот на пабот се прашуваше како секогаш доаѓам во исто време и како исчезнувам од женскиот тоалет, изјавил Ирецот.

Тунелот бил откриен откако настанал проблем со канализацијата кој е предизвикан поради пукање на цевка која Патси случајно ја удрил додека го копал тунелот.

Се будиме во магла, каков ќе биде денот?

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претежно облачно, претпладне по одделни котлини магливо. Во вечерните и ноќните часови во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има слаба магла, а преку денот ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на јужно струење во наредните два дена ќе биде сончево со умерена облачност, а дневните температури ќе бидат релативно високи. Претпладне во некои од котлините ќе има слаба магла. Потоа за време на викендот ќе бидеме под влијание на нов влажен бран со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од недела ќе има опаѓање на температурите и повремени врнежи од дожд и снег.

(ВИДЕО) На царина забележале дека во куферот нашто мрда, а кога отвориле следело вистинско изненадување

Цариниците често имаат прилика да најдат невообичаени работи во куферите на патниците, но вакво нешто ретко се случува.

Имено на аеродромот во Малезија, цариниците забележале дека нешто мрда во куферт, па решиле да го отворат, за да видат за што се работи.

Кога отвориле куферот бил полн со желки, поточно 330 живи желки и тоа различни големини, а кога би ги продале од нив би заработиле 277.000 долари.

Со оглед дека за нивни пренос е потребна дозвола, во Мадагаскар куферот бил означен како да носат камења.

Криминалците се уапсени, но сепак ширум светот вакви работи се случуваат, и често животни кои се во изумирање се пренесуваат на црно и се препродаваат.

(ВИДЕО) Шведските ракометарки со секси танц го запалија интернетот

Ракометарките на Шведска се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство откако ја победија Словенија со 33:21.

Швеѓанките покажаа убедлива игра на теренот и заслужено се пласираа во четвртфиналето, но многу повеќе воодушевија со она што го направија во соблекувалната.

Имено, тие пласманот меѓу осумте најдобри го прославија со секси танц. Нивната одлична кореографија набрзо стана хит на интернет и го воодушеви целиот свет.

 

Vi är i kvartsfinal! Heja Sverige! #handbollslandslaget #handboll #handball #germany2017 #simplywunderbar #sverige #vm2017 #zumbasabbe

A post shared by Handbollslandslaget (@handbollslandslaget) on

Популарно