И Албанците побараа менување на македонските учебници

По потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, најавено е дека ќе се формира комисија за историја, а исто така и од грчка страна најавија дека ќе се формира македонско-грчка експертска комисија за менување на учебниците. На овие барања за промена на учебниците се приклучија и од Сојузот на албанските наставници, и тие бараат формирање на комисија со цел промена на содржината на учебниците.

Претседателот на Сојузот на албанските наставници, Нухи Дардишта, бара нови стратегии и програми, нови книги и дека овие од кои што сега учат учениците им истечел рокот.

-Ние бараме нови стратегии, нови програми, нови текстови, нови книги, дека на овие им истече рокот и има многу грешки. Бараме за основното и средното образование од Министерството за Образование да се консултира со граѓанското општество, бидејќи ние сме оние кои ги прават промените, а не истите луѓе во Министерството и комисиите кои не се менуваат. Апелирам да се формира комисија од февруари или март, за да се проверат добро тие програми и првата фаза да започне со нова стратегија од февруари , рече Дардишта.

Професорот по историја, Насер Ферати, им објаснува на учениците дека племињата како Енкелејдите и Дасаретите не се македонски племиња, туку се Илириски племиња. Ферати вели дека фактографските грешки не се ретки во предметот на географијата. Тој додава дека албанците во Македонија имаат македонско потекло, но со доаѓањето и владеењето на Отоманската империја, некои Македонци го прифатија исламот и постепено се албанизираја.

-Бараме нивно повлекување и издание на нови текстови, треба да се создаде комитет на експерти со кој не само ке се смени текстовите на изглед, туку треба да се промени и неговата содржина и неговиот дидактички аспект. Поголеми грешки се во дидактичкиот пристап, текстот што треба да се работи не ги исполнува критериумите. Друга грешка, неточни информации кој им додаваат сомнеж на учениците и на некој други , рече професорот Насер Ферати.

Премиерот Заев и во вчерашното интервју за најголемата приватна бугарската телевизија, рече дека во духот на пријателството веќе се направени корекции во учебниците, но дека и ако нешто било испуштено тоа требало да се смени.

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно