Македонците секој викенд на шопинг во Врање

Околу 200 Македонци за време на викенд ги посетуваат блиските градови во Србија за да ги испазарат потребните намирници. Секој од нив во просек троши по 5.000 динари (околу 2.500 денари), поради што трговците на југот од Србија задоволно ги тријат рацете.

Ова се дел од наводите на белградскиот весник „Блиц“, кој пишува опширно за шопингот преку граница и со другите српски соседи: Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Бугарија и Црна Гора.

„На улиците низ Врање за време на викендот се повеќе се слуша македонски јазик, бидејќи во шопинг доаѓаат преку 200 жители на соседната земја“, пишува „Блиц“.

Нивното истражување покажало дека Македонците најмногу пазарат сувомеснати производи, сирење, кајмак, гардероба и обувки, поради што трговците во бројните бутици имаат двојно повеќе работа и промет од вообичаеното.

„Митко Дбарлиев секоја сабота со сопругата Виолета од Скопје проаѓаат по 90-ина километри за да го наполнат автомобилот со квалитетна и за 20 до 30 отсто поевтина српска роба. Најмногу купувачи има од Куманово, каде живеат и голем број Срби. Најмногу пазарат долна облека, дуксери, фармерки, маици, постелнина, а омилени места им се двата градски пазари“, тврди весникот.

Во обратен правец, пак, заминуваат купувачи од Србија, кои во Македонија воглавно пазарат сувомеснати производи, сирење фета, цигари и гардероба. Нивниот број, како што се наведува во статијата, сега е многу помал во споредба со претходните години и тоа најчесто станува збор за сопственици на бутици од Врање.

ПРИЈАВЕТЕ ако работодавецот бара да му го вратите К15

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината.

Казните за работодавците се огромни и до 4.000 евра.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.

ВИДЕО: Големо поскапување кое ќе го почуствува цела Македонија

За 20 отсто поскапува лебот. Мелничарите се жалат дека пекарската индустрија веќе два месеци работи со загуби. Велат дека за тоа има повеќе фактори, но најмногу се должи на зголемената цена на брашното и пченицата, кои се основни суровини за производство во оваа индустрија.

-Не е покачена само основната суровина, туку во последната година качен е и енергенсот, нафтата. Па да речеме, и платите на работниците. Се помалку и помалку луѓе има што сакаат да работат во пекарската индустрија. Односно, не можат да се најдат работници. Сето тоа придонесува во зголемување на цената на лебот. Тоа во просек е некаде околу 20 отсто, во зависност од видот на лебот. Околу 2 денари, вели во телефонска изјава Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на млинско-пекарска индустрија.

Трговската војна меѓу Косово и Србија засега не влијае на цените на пекарските производи. Меѓутоа, се зголемува побарувачката на брашно во Косово. Поради тоа, се стравува дека цената лебот дополнително може да скокне.

Први на удар се најевтините видови на леб. Цената покапува само за нив и тоа само во одредени маркети и продажни места. Меѓутоа, не се исклучува можноста да поскапат и останатите видови лебови.

Од Министерството за земјоделие се запознаени и ја следат состојбата.

-Доколку дојде до драстично зголемување на цените што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, постои можност да интервенираме преку Агенцијата за стокови резерви којашто во ек на жетвата направи јавна набавка од 13 илјади тони пченица.

Големо поевтинување на бензините и дизелот - ова се новите цени

Бензините поевтинуваат за 4 денари, а дизелот за 3,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. 

Според одлуката, од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се точи за 63, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 65 а Дизелот за 61 денар по литар.

Популарно