Иванов: Ќе го потпишам законот за јазици, само ако...

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се произнесе за законот за јазиците откако ќе го добие текстот на законот.

– Со внимание ја следам расправата за законот за јазиците, но нацрт-текстот сè уште не пристигнал кај мене, во кабинетот. Кога ќе пристигне и кога ќе го видам, ќе се произнесам за него. Законот мора да биде во согласност со Уставот и со националните интереси – рече Иванов на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Илир Мета.

На вчерашната средба, Иванов и Мета разговарале за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кој, како што бил информиран македонскиот претседател, имал нарушено здравје.

ТЕНЗИЧНО: Пратеници на БЕСА удираа по собраниските клупи

Тензична  беше атмосферата денеска на расправа во Комисијата за европски прашања по Законот за јазици. Пратениците од БЕСА покажаа незадоволство откако беше одбиен нивниот амандман, поради што удираа по собраниските клупи, по што претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ, ја прекинa седницата.

Со амандман БЕСА побараа да биде сменето името на законот, па наместо Закон за употреба на јазиците, да се нарекува Закон за употреба на албанскиот јазик.

Министерот за правда, Билент Саљији, го одби амандманот затоа што смета дека БЕСА манифестира лажен патриотизам.

Меѓу претаниците од БЕСА и претседателот на Комисијата имаше кавга кога Груби не му даде збор на пратеникот, Фадил Зендели, да одговори за одбиениот амандман. Зендали и неговите сопартијци незадоволни удираа по собраниските клупи, а додека траеше обраќањето на Груби пред присутните, а Зендали излезе на говорницата и на албански јазик го образложуваше поднесениот амандман.

Ќе го поддржиме законот за јазиците, иако не го нуди она што го бараа Албанците, изјави пратеникот Фадил Зендели од БЕСА и го обвини претседателот на комисијата за европски прашања Артан Груби дека манипулирал, со цел да нема дебата.

ВИДЕО: Специјалната обвинителка, Ленче Ристоска е ЗА легализација на канабис, но...

На Правниот факултет во Скопје, се одржа научна расправа на тема „Легализација на канабис, да или не?“

Обвинителката Ристоска посочи дека во Македонија канабисот се смета за опојна дрога од прва категорија и е строго забранет, но исто така истакна дека таа е за негова легализација, во строга законска процедура.

„Државата би требало да го декриминализира канабисот, но треба 100 пати повеќе од сега да врши контрола на опојните дроги“, рече Ристоска.

Инспекцијата утврди: „Дрисла“ нè гуши со јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прав

Инспекторатот ја ограничил работата на печката за медицински отпад и забранил таа да работи кога мерната станица во Лисиче ќе покаже надминување.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршил вонреден инспекциски надзор на Депонијата за комунален отпад „Дрисла“ во селото Батинци, на први декември, при што утврдил дека од согорувањето во печката за медицински отпад воздухот се загадува со јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина.

Депонијата „Дрисла“ од октомври 2013 година поседува измена на А-Дозволата за усогласување со оперативен план. 

Инспекцијата констатирала дека печката за согорување на медицински отпад во моментот на била вклуечна, но таа работи секојдневно во две смени со капацитет од 250 кг/час, односно 3 тона на ден. „Дрисла“, согласно дозволата, врши месечни мерење на емисија на гасови од емитерот/оџакот на инсинераторот од страна на акредитираната лабораторија за животна средина „Технолаб“ за што се изработени месечни извештаи.

„Од добиените резултати од мерењата на емисија на загадувачки супстанции во воздухот од печката за спалување на медицински отпад, за месеците септември-октомври е евидентирано надминување согласно Правилникот на граничните вредности за параметрите, односно просечните концентрации на јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина. Поради ова надминување и повреда на законска одредба, ДИЖС поведе постапка која е согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, односно Законот за животната средина за правното лице, а Записникот е потпишан и прифатена е спогодбата која понатаму ќе ја води Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање“, се наведува во соопштението на ДИЖС.

ДИЖС во инспекциската постапка изготвил и Решение за ограничување на работата на инсенераторот за медицински отпад од само 8 часа во период помеѓу 7 и 19 часот и целосна забрана за работата на печката за согорување на медицински отпад кога се надминати праговите на алармирање на загадување на град Скопје за мерната станица Лисиче.

„Дрисла“ покрај мониторингот од страна на „Технолаб“ има поставено и сопствена помала автоматска станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух, а резултатите од мониторингот се објавуваат на Интернет страницата на Депонијата. Од 2016 година за сопствени потреби Дрисла врши мерење на јонизирачко зрачење (радиоактивност) на отпадот што влегува и на разни делови на самата депонија. Записите за мерењата укажуваат дека мерењата се вршени на целата површина на депонијата „Дрисла“ почнувајќи од влезот каде им се врши мерење за јонизирачки зрачење на одредени возила кои носат отпад, па завршувајќи на самото тло на депонијата каде е депониран отпадот. За извршените мерења „Дрисла“ води дневник за интерни потреба за јонизирачките мерења и истиот е достапен за увид на надлежните институции. Радијациона сигурност е во надлежност на Дирекцијата за радијациона сигурност.

При надзорот констатирано е дека на депонијата се носат и одредени количини празни канистри од компанијата „Кемет електроникс“ од ТИРЗ-Бунарџик. Тие се уништуваат со компактирање во телото на депонијата. Во одредена полузатворена просторија во кругот на депонијата организирано е собирно место за отпадни масла, веднаш до сервисот за механизацијата на правниот субјект и истите се собираат во метални буриња, а потекнуваат од сервисирање на сопствената механизација. Собраното отпадно масло се предава на „Аутохаус-Заковски“ од Скопје, компанија овластена од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Популарно