Мажи искрено: Каков вкус има вагината?

Иако, многу почеста тема е вкусот на машкиот полов орган, овие мажи решија да зборуваат за вкусот на вагината, од лично искуство.

Да прејдеме на главното, одговорите:

• Во лош ден, како трета мишка. – ibmcginty

• Како 9-волтна батерија. Сериозен сум. Не е толку шокантно, додуша. – Tony

• Вкусот е како на сочна кисела зелка. – Анонимен

• Како бонбона со путер и шеќер (Butterscotch) – Wittig

• Мириса на море, или како свежа школка. Вкусот може да е благо горчелив, а некогаш и нема вкус. – Zane

• Како морска сол, или како домашен чипс. – rocket man

• Вкусот на вагина, во моментот на оргазам, ми е како да загризувам во топол домат, свежо набран, додека стојам во градината на топло августовско попладне. – Dan

• Вкусот е пикантен и по малку благ. Текстурата е многу мазна и мека. – sonika

• Алуминиумска фолија. – Luriete

• Како тост со путер. Ама варира, некогаш и како пита од лимон. – Анонимен

• Како млеко и парички. – Doc

• Краставички. – Andres

• Сладок путер. – Marshal

• Ако не се избањала, има вкус на риба. Ако се избањала, има влажен и благо метален вкус. – Анонимен

• На првата вода од варен грав. – Синиша

• Топла пита од јаболко. – James

• Мајонез и кечап заедно. – Анонимен

• Пире од компир. Сте пробале? Таков е. – Анонимен

• Има вкус на пени (американска монета од еден цент, направена од 97.5% цинк, обложена со 2.5% бакар). Ако е поблиску до менструација, на никел (монета од 5 центи, направена од 75% бакар и 25% никел). – MisantropicPainforest

• Јагнешко. – Knlessin

• Грозно е, имав девојка (таа имаше 35, јас 25) што практично ми седна на лице и ме преплави оваа… телесна течност… и мирисаше на телесен мирис. Не мислам дека некогаш ќе го повторам тоа со некоја девојка освен ако навистина многу ја сакам (и одржува добра хигиена). Не сакам ни да добивам орал, па може е до мене. Вагините се грозни и грди, а и пенисите исто. – Mac

• Некогаш е како ананас. Другпат е како кромид. Ама се разликува од девојка до девојка, а и мирисот исто така е различен. – Sojan

• Бивш еднаш ми кажа дека има вкус исто како чизбургер. За среќа, тој сакаше чизбургери. – chickygrrl

• Како пластично шише од доматен концентрат. 10 минути откако ќе го испиеш, тоа е вкусот што ти останува. – weird

• Како крв на усната. Сте се гризнале некогаш? Има многу специфичен вкус. Дури и кога жената не е во менструација, секогаш има шмек на тој вкус, меѓу другите. – Chris

• Има расен/културен/зависен од исхраната елемент во вкусот. Ако сте забележале дека Источноазијките, Јужноазијките и белкињите имаат различен телесен мирис… и со вкусот на вагината е така, само поизразено. Белкињите го имаат тој шмек на млеко или путер. Тие од Централна Азија имаат вкус на овчо, на месо од дивеч. Тие од Јужна Азија имаат пикантен и „зачинет“ вкус… мммм… ми се пријаде… – Meatbomb

• Сум бил со 3 различни жени од порториканско потекло, и сите имаат општ вкус на кромид. Не во непријатна конотација, ама дефинитивно има шмек на кромид таму долу. – deadmessenger

• Отсекогаш ми имаат лимонкаст вкус. – Afroblanco

• Во повеќе прилики сум забележал шмек на нешто слично на кумин. Што е супер и за мене и за неа, бидејќи обожавам кумин. Има и други елементи: соленкасто, малку пикантно (мислам дека лимонкасто е прилично близок опис, не се сложувам со тоа дека има вкус на батерија), и умерено путересто. Јас ако се прашувам, ова е многу фина и вкусна комбинација. – Dr. Wu

• Суви кајсии. – Serazin

• Има причина што вкусот наликува како на гризната усна – течноста е крв што е исфилтрирана низ внатрешните ѕидови на вагината, па е бистра и глатка – и вкусна. Како поретка крв е, за вампирот во нас. – chupwalla

• Вкусот е како мирисот на внатрешната страна на лакт. – scarabs

• Соленкасто, со шмек на пот, месесто. Во суштина, како лижење мишка. Ама на добар начин. – Mike

• Сум слушнала многу описи – пилешко, риба итн. Глупости. Ако сакаш да знаеш каков е вкусот, лижни си ја мишката после умерено вежбање. Тоа е мирисот и вкусот! Влагата, благоста на потта, благиот метален вкус, дури и изгледот кога е небричена (мишката) – е таква е вагината. – Jelly

• Како бојата црвена. Како животни што се е*ат некаде во шума на полна месечина. Како копнеж и желба истурена врз топла кожа, нешто грубо, нешто меко, нешто соленкасто. И секако, ако си заљубен, има вкус на отворена тајна врата зад која е скриено сé што е добро во светот. Осеќаш вкус на вино или месо или сирење, ама кога устата ти е меѓу нејзините нозе, тоа е посебен вид на глад која не може да биде опишана со вкусови. – Brandon

• Сум пробал прилично многу, и генералниот консензус што можам да го извадам од моите искуства е дека жените таму долу имаат соленкаст вкус (сличен на пот), со благ телесен мирис.

Иако мојот опис не прави да звучи толку привлечно, верувајте ми, е привлечно! Запомнете дека сите ние сме луѓе, и длабоко во себе работиме на истите инстинкти – машките се привлечени од женските феромони, и обратно.

Јас лично уживам да се спуштам таму долу на девојката со која сум, и не ми е воопшто чудно. Сé што мажот треба да прави, во суштина, е да го скокотка/масира клиторисот со јазикот и усните за жената да извлече задоволство; не дека мора да ја закопа устата и никогаш да не земе воздух.

Секако дека исхраната и хигиената играат огромна улога во тоа како мирисате и каков вкус имате и двајцата, па има методи вкусот/мирисот да се подобри. – Rusty

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно