Фотографија која го "соборува" славниот програм на НАСА: Ова е доказ дека човекот не бил на Месечината и дека сè е голема измама

И покрај несоборливите докази за спротивното, теоретичарите на заговори веќе со години тврдат дека човекот не слетал на Месечината и дека сето тоа било лага.

Таа теорија повторно се појавила, благодарение на новата "фотографијата" поставена на ЈуТјуб која наведува дека последното слетување на Месечината во мисијата "Аполо 17" било лажно. 

Видеото кое ја прикажува фотографијата која наводно е направена во декември 1972-та година се нарекува "рефлексија во визир". Лицето кое ја објавило фотографијата, користејќи го корисничкото име "Стриткеп", тврди дека постои одраз на наместена сцена на визирот на астронаутот. 

Записот трае 24 секунди, а "Стриткеп" верува дека може да се види фигура на човек кој не носи вселенско одело, туку е облечен како човек од 70-тите години. 

Тој додава дека верува дека на визирот на астронаутот се гледа човек со долга коса. 

"Можете да видите некој маж, од раните 70-ти години, со долга коса, кој носи некој вид на појас... и веројатно сенката на фигурата". 

Коментарите на видеото се поделени, а многумина велат дека предметот на визирот е астронаут кој носи вселенско одело. Другите се согласуваат со "Стриткеп". 

"Аполо 17" била последна мисија на НАСА и започнала на 7-ми декември 1972-та година, со командантот Јуџин Кернан, пилотот Роналд Еванс и пилотот на Лунарниот Модул, Харисон Шмит. 

Тие минале две седмици во вселената, враќајќи се на Земјата на 19-ти декември 1972-та година.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно