Раат од комшии на 40 метри висина: Спокојна изолација на „Столбот на животот“

Природниот варовнички монолит Качи, познат и како „Столбот на животот“ се наоѓа во грузиското село Качи, на запад во Грузија.

Висок е околу 40 метри, а на неговиот врв се наоѓаат остатоци од црквата Свети Максим Исповедник, која потекнува од 9 или 10 век.

Целиот простор на врвот на карпата, кој опфаќа и вински подрум и остатоци од некогашното уредување на црквата, зазема само 150 метри квадратни, а во однос на тоа дека не постои лифт, до него можете да се искачите само со помош на рацете, нозете и малку среќа.

Поради тоа, не е ниту чудно што објектите кои се наоѓаат на самиот врв долго време беа сосема запуштени.

Првото забележано качување на овој врв се случи во 1944 година, кога двајца планинари на врвот пронајдоа тело на претходен жител.

Се претпоставува дека ова било место било наменето за молитва, односно дека го користеле лица кои сакаат да се одделат од остатокот од светот.

Поинтензивни истражувања се спроведени во периодот помеѓу 1999 и 2009 година, кога обејктите беа обновени со помош на Националната агенција за зачувување на културно богатство во Грузија.

Моменталниот жител на ова место има 62 години. Станува збор за свештеникот Максим Кавтарџе, кој креираше импровизирани скалила по кои два пати неделно се спушта и качува по „Столбот на животот“.

ФОТО: Принцезата во рацете на Дивац

Еуфоријата околу британската кралска свадба ја почувствувале дури и Сакраменти Кинг кои објавиле фотографија од Меган Маркл.

На неа мала навивачка позира со легендарниот српски кошаркар и актуелен менаер на Сакраменто Кингс, Владе Дивац. Тогаш Меган имала 12 години, а Дивац во тоа време играл за Лос Анелес Лејкерс.

14 години подоцна оваа фотографија а Дивац станала вредна за спомен.

Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари - Мислев дека е некоја грешка...

Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари. Мислев дека е некоја грешка, бидејќи немам никој кој би ми испратил пари, а сум и во тешка финансиска ситуација, па искрено помислив дека некој се шегува со мене.

Кога отидов, ми рекоа дека имам писмо и 3.000 долари, а јас не можев да поверувам. Го земав писмото и почнав да го читам.

Еден пријател од основно училиште кој сега живее во Америка, порано беше сиромашен како што сум јас сега.

Секогаш му давав колку што можев, делев сендвичи на половина, пиевме сокови од исто шише, ми беше како брат.

Пред 10 години се отсели во Америка, на печалба, па изгледа успеал во тоа.

На крајот од писмото пишуваше: „Брате, кога и да ти биде потребно нешто, само јави ми, знам како ти е сега и знам каков човек си кога имаш. Фала му на Бог, јас сега имам доволно и сметај го тоа како и ти да имаш. Твојот брат…“

Ни сега не можам да верувам дека после толку години се сети на мене и дека памти сè.

Изгледа дека и во овие тешки времиња се исплати да си човек. Кој би рекол…

Популарно