ФОТО: „Виснаа“ силиконските гради на Анабела

Со години важи за една од најзгодните пејачки на екс ју естрадата, но на градите Анабела Атијас очигледно им треба добар „ремонт“. Пејачката која уште пред многу години има „вградено“ силиконски гради, по се изгледа треба повторно да седне „под нож“.

Анабела се појавила на една забава во Белград во друштво на својот сопруг Андреја, а на себе носела проѕирна блузичка од која ѕиркале големите гради, кои да бидеме искрени, не изгледаат баш најдобро

ФОТО: Неда Украден во бикини го прослави својот 68. роденден

Неда Украден популарната југословенска пејачка вчера наполни 68 години. Иако ја „гази“ седмата деценија од животот, таа се’ уште важи за една од најнегуваните и најодржаните дами на јавната сцена.

Затоа и не се воздржува од објавување фтографии на кои позира во костим за капење, притоа, без да ги разубавува со помош на алатките на Фотошоп, каков што е примерот на нејзините многубројни помлади колешки.

По повод роденденот, Неда се огласи на социјалните мрежи, јасно ставајќи им до знаење на своите следбеници чија честитка најмногу ја израдувала:

Мојата прва и најдрага честитка. Фала му на Господ за среќниот и исполнет живот – денес го славам мојот роденден! Ви благодарам на сите за прекрасните желби! Ве сака вашата Неда.“

ФОТО: Сани со емотивна порака го честита роденденот на ќерката

Постарата ќерка на фолк пејачката Сања Сани Гроздановска, Викторија  денес слави роденден, а по тој повод нејзината мајка се огласи на социјалните мрежи и напиша емотивна порака.

– Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце….моето сè. Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава!, напиша Сани во описот на фотографија која ја објави на својот Фејсбук.

Инаку, претходната година во ноември месец, Сани се оствари во улога на мајка по втор пат, а Викторија ја доби сестричката Ева.

Популарно