Започна седницата на ИК на ВМРО ДПМНЕ: Оставка на Груевски или подршка за лидерот и фокус на протести?

Вечерва, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот помеѓу 18 и 19 часот пристигнаа поголем дел од членовите на Извршниот комитет на партијата.

Според извори на АЛСАТ-М, состанокот нема дневен ред, но највисоко на агендата се очекува да биде понудената оставка на лидерот на партијата, Никола Груевски.

Комитетот треба да се изјасни дали ќе ја прифати оставката и кои ќе бидат следните чекори на партијата.

Седницата е свикана откако неделава Груевски најави дека планира да поднесе оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, според извори на Вечер, се работи за координативна средба на која Гревски ќе изнесе пред Извршниот комитет информации за двете лидерски средби кај претседателот Иванов, по што ќе се разговара за следните чекори за заштита од акциите за масовно приведување и пресуди за притвор на членови на ВМРО ДПМНЕ, пратеници а особено лидерите и учесниците на протестите За заедничка Македонија.

Давањето оставка сега според раководството на ВМРО ДПМНЕ, и дефокус на партијата од овие важни процеси, и би се пренасочила енергијата од битни национални и политички теми кон персоналните комбинаторики кој, доколку Груевски поднесе оставка набргу, би влегол во новите органи на партијата.

Генералот Стојанче Ангелов за споменикот на Ќосето

Споменик на Ќосето – да, но не пред судот, напиша Стојанче Ангелов на „Фејсбук“.

„Андон Ќосето (1854-1953). Херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата. За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневнополитички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ. Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред судот. Ќосето не бил судија ниту, пак, судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата“, напиша Ангелов.

Затоа, додава тој, споменик на Андон Ќосето треба да има, но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации.

Владо Јовановски се огласи на Фејсбук и предизвика лавина лајкови

Aктерот Владо Јовановски кој е обвинет за тероризам и три месеци помина во затворот во Шутка за настаните на 27 април вечерва се огласи на својот фејсбук профил.

Тој  објави стихови на српскиот поет Бранко Милковиќ.

“…Иднината не е сѐ она што ќе дојде!

Многу нешто, едноставно ќе се повтори!

Минатото, не е сѐ она што нема да се поврати и еден дел од иднината останува затаен…”, напиша актерот на својот профил вечерва.

Пред неколку денови притворот во Шутка на Јовановски му беше заменет со куќен притвор и одземање на пасошот.

ВИДЕО: Мицов го напушти студиото на Алсат затоа што му се обратија на Албански јазик

Стефан Влахов–Мицов, универзитетскиот професор и писател, член на политичката партија „Единствена Македонија“, го напушти стидиото на „АлсатМ“ телевизија, затоа што новинарката му се обраќаше на Албански јазик. 

Популарно