Кога газдата на Фејсбук ќе ти прати порака на Македонски

Виралните пораки се стари колку и социјалните мрежи. Секогаш се наоѓа некој паметен да прати порака која ако не ја споделите со сите... „Фејсбук ќе се плаќа“, „некој ќе ви умре“, „ќе ве следи несреќа“, „ќе не погоди метеор“... итн. Овој пат ете баш Марк Цукерберг решил на македонски да се обрати на некој нашинец и се да отиде вирално...

„Здраво, јас сум Марк, директорот на Фејсбук. Здраво на сите, се чини дека сите предупредувања се реални. Користењето на Фејсбук ќе чини пари. Ако ја испратите оваа низа до 18 различни пријатели од вашата листа, вашата икона ќе биде сина и ќе биде бесплатна за вас. Ако не ми верувате, утре во 18 часот Фејсбук ќе биде затворен и ќе го отворите ќе мора да платите. Сето ова е со закон. Оваа порака е да ги информираме сите наши корисници дека нашите сервери неодамна беа многу пренатрупани. Бараме ваша помош за решавање на овој проблем. Ние бараме нашите активни корисници да ја препратат оваа порака до секој од луѓето во вашата листа на контакти со цел да ги потврдиме нашите активни корисници на Фејсбук. Ако не ја испратите оваа порака до сите ваши контакти на Фејсбук, тогаш вашата сметка ќе остане неактивна со последица на губење на сите ваши контакти без пренос на оваа порака. Вашиот Smartphone ќе се ажурира во следните 24 часа, ќе има нов дизајн и нова боја за разговор. Почитувани корисници на Фејсбук, ќе направиме ажурирање за Фејсбук од 23:00 часот. до 05:00 часот на овој ден. Ако не го испратите ова до сите ваши контакти, ажурирањето ќе биде откажано. Нема да имате можност да разговарате со вашите пораки на Фејсбук. Ќе мора да ја плаќате стапката, освен ако не сте чест корисник. Ако имате најмалку 10 контакти, испратете го овој SMS и логото ќе се претвори црвено за да покаже дека сте корисник Потврден ... Ние го завршиме бесплатно. Утре почнуваат да ги собираат пораките за Фејсбук на 0,37 центи. Препратете ја оваа порака до повеќе од вашите 9 контакти и ќе ви биде слободна за живот. Гледајте и топката ќе стане зелена. Направете го тоа и ќе видите дека Фејсбук сега е слободен. Испратете до 10 луѓе за повторно активирање на услугата без трошоци.“

П.С. Ако баш мора да ви кажеме... НЕ ГО ПРАВЕТЕ ОВА! ЛАГА Е!

Погледнете зошто во Унгарија не се наздравува со пиво

Во Унгарија нема наздравување на кригли, пишува welovebudapest.com, додавајќи дека се верува дека таквиот обичај влече корени откако Австријците ја прославиле победата над Унгарците во 1848 година во Виена, гласно наздравувајќи пиво и чукајќи чаши.

Наводно, после тоа Унгарците рекле дека нема да наздрават со пиво уште 150 години, а иако поминале годините, Унгарците се уште пијат пиво во тишина.

Но, тие ќе наздрават со други алкохолни пијалоци, како вино или палинка, додека ги држат очите широко отворени за да се уверат дека имаат контакт со очите, бидејќи не е доволно само да се каже: Egészségedre!

„Најважното нешто што треба да запомните е дека ако некогаш ви понудат палинка, мора да ја испиете. Дури и ако е трета чаша или ако е домашна и не е многу добра, сепак мора да ја пиете. Ова важи и за домашното вино на домаќинот. За среќа, домашната палинка всушност може да биде одлична.

Палинка е унгарска ракија која има заштитена ознака од географско потекло, што значи дека може да се приготвува само во Унгарија. Добро е да знаете дека рестораните и баровите обично не се евтини, па понекогаш е корисно да го погледнете ценовникот пред да нарачате неколку чашки одеднаш.

Фиби Гејтс: Луѓето ме следат на социјалните мрежи само поради популарноста на татко ми

Фиби Гејтс, најмладата ќерка на Бил Гејтс, инаку успешна „тиктокерка“, признава дека она што најмногу ѝ пречи во животот е тоа што јавноста создава лажни мислења за неа и нејзиното семејство.

Имено, Фиби во интервју за „Информејшн“ објасни дека ѝ пречат гласините и теориите на заговор за татко ѝ, избрзаните и погрешни заклучоци, а убедена е и дека луѓето ја следат на интернет само затоа што е ќерка на Бил Гејтс.

– Прилично сум сигурна дека луѓето почнуваат да ме следат поради моето презиме и татко ми. Веројатно на луѓето им е смешно да го видат татко ми како си игра со „Боксболен“ („паметна“ вреќа за бокс)… Но, штом ќе ме заследат, главно остануваат на мојот профил. И мислам дека остануваат затоа што објавувам многу за жените, женското здравје и слични работи, изјави Фиби.

Фиби рече и дека нејзината мајка ѝ е поддршка и оти е љубопитна за секој нејзин успех на социјалните мрежи.

– Таа разбира дека токму тука растат младите луѓе денес. И татко ми објавува доста на социјалните мрежи, но тој самиот не следи други луѓе, додаде Фиби.

Младата девојкa патем нагласи дека ѝ е смачено од некои следачи што ја критикуваат оти е во врска со црнец, т.е. со Роберт Рос.

– Момци, 2023 година е и ме прашувате зошто сум во меѓурасна врска!?, праша Гејтс реторички.

Инаку, Гејтс има повеќе од 64.000 следачи на Тик-ток, а 195.000 луѓе ја следат на Инстаграм.

(Видео) Новинарка стави кондом за да го заштити микрофонот од ураганот во Флорида

Ураганот Ијан кој ја погодува Флорида, САД, однесе неколку жители и остави милиони без струја, иако властите спроведуваат очајни спасувачки операции низ целата држава.

Според PowerOutage.us, од почетокот на четвртокот, повеќе од 2 милиони корисници останале без струја поради огромното невреме, проследено со многу уништени дрвја, автомобили итн.

Додека ураганот Ијан беснееше на територијата Флорида, новинарката на „NBC“, Кајла Гелер, смислила безбедно известување, гордо и вешто поставувајќи кондом со цел да го својот микрофон.

Популарно