ВИДЕО: Навивач ја запроси Шарапова сред меч - нејзината реакција ги одушеви сите!

Една од најубавите тенисерки во историјата на спортот, Русинката, Марија Шарапова викендот настапи на егзибиционен турнир во Истанбул, но тој меч ќе остане запаметен по понудата за брак, која Русинката ја доби во текот на мечот.

Додека мечот се играше еден од гледачите собра храброст и извика:

„Марија, дали ќе се омажиш за мене?“

Марија Шарапова на тоа не остана имуна и кратко одговори:

„Можеби“.

Погледнете ја реакцијата на преубавата Шарапова, која ги одушеви сите присутни во салата во Истанбул:

ВИДЕО: Новак се соблекол гол и трча по Италија...

На видео снимка која ја објавил на Инстаграм Ноле напишал “див и слободен“ Ваква сцена не се гледа често. Нова Ѓоковиќ навистина е цар. Се соблекол гол и трча по Италија. Снимката која на социјалните мережи се појави, ја исфрлил Ноле на Инстаграм, со што го запали интернет.

На снимката напишал „див и слободен“

Голем успех на џудистите од Струга на турнирот во БиХ

Во период од 12 до 14. 10.2018 г .Џудо Клуб Дрим од Струга  учествуваше на нов меѓународен турнир кој го носи името ,,BORSA OPEN EUROPEAN TOP JUDO TOURNAMENT” во Мостар,Босна и Херцеговина. На овој масовен настан учествуваа 31 земја со над 140 клубови и преку 1000 натпреварувачи.

Македонскиот Џудо Клуб Дрим од Струга зеде учество со 5 натпреварувачи. Со медал и тоа златен се закити Христијан Глигороски во категорија +66 килограми. Во одлично светло се покажаа и останатите, односно, Марио Нелоски, Александар Шулески, Андреј Чакароски и Анамарија Стојмиловска кои за жал не успееја да се закитат со еден од медалите иако имаа квалитетни борби.

Кабиб има само еден услов за борбата со Мејведер

Флојд Мејведер ги прозва потенцијалните организатори и со самото тоа му одговори на Кабиб Нурмагомедов за предизвикот кој го испрати УФЦ борец, па на тој начин, јасно стави до знаење дека е подготвен за вистински спектакл и борба со популарниот руски „орел“.

Новиот УФЦ шампион понесен од победата над Конор МекГрегор му испрати директна порака на непоразениот бокс шампион и го предизвика на борба, а откако Американецот даде зелено светло за организирање на ваков спектакл, Нурмагомедов постави еден услов за одржување на истата.

Кабиб се согласува на борба со Мејведер во било какво сценарио, само не во Лас Вегас каде се одржа последната битка која ја имаше со Конор МекГрегор, а по која не беше исплатен за инцидентот кој го предизвика.

– Флојд Мејведер само не Лас Вегас, тие нема да ги исплатат моите пари, – порача Нурмагомедов на Твитер.

Популарно