Кавадарчанец: „За 4 години спиев со 23 девојки во студентски дом во Скопје“

Животот многу пати ми мавнал шлаканица и тоа онака баш да боли и пече. Болка која и ден денес ја чувствувам иако од кога ми била нанесена поминало многу време. Некој, по правило на клише, ќе рече дека времето лечи се, јас би рекол само дека времето ги избледнува спомените, но не ги уништува. Пред десетина години ја имав можноста да студирам во главниот град на Македонија, некогаш најубавиот град, Скопје. Бев успешен студент на факултет, а и денес како градежен инженер. Но покрај студирањето доволно посветував време и на забавите и журките кои се организираа по студентските домови. Денес не знам како е во студентските, но тогаш беше многу поопуштено и се дишеше во друг дух и динамика.

Сигурно некој ќе си рече зошто го раскажувам сето ова кое се случувало пред десетина години. Сето тоа е од една проста причина, денес сум родител и јас утре ќе имам дете кое ќе живее во студентски дом. Некогаш излегувањето со девојка (на пијано) за само една ноќ ми било фетиш, но од денешна гледна точка и не е толку многу убава слика. Најтешко е да зборуваш сам за себе, но јас и еден другар, подоцна цимер, важевме за едни од најголемите фраери во тоа време во студентскиот дом во кој живеевме. Не можам никогаш да ја заборавам онаа ноќ кога со другар ми заглавивме во соба со три девојки. Цела ноќ имавме секс и мазење, а алкохолот се чувствуваше насекаде околу нос. Таа ноќ некој да ме прашал како сум се викал со сигурност тврдам дека не би знаел да му кажам. Ова е само една од тие луди ноќи од моето студирање. И по десет години паметам дека за време на студирањето сум спиел со 23 девојки, бидејќи со другар ми стававме, условно кажано, цртки кој со колку девојки ќе легне. Тешко е да се биде искрен и затоа многу детали нема да кажам, тешко ми е, но ако некој повозрасен го чита овој, а праќа дете во Скопје или на друго место во студентски да живее треба да знае на кои се опасности може да биде изложено.

Извор: Вечер

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти

Над половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а „подебели“ во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна тежина имаат Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%), додека најмал Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%) и Франција (46,4%). Кај нас 55,7 проценти од возрасното население има прекумерна тежина.

Земјите со висока стапка на дебелина, пишува Ландгеист, исто така, имаат и високи стапки на луѓе со прекумерна тежина. Малта е втора земја со најголема дебелина во Европа и исто така земја со најмногу килограми во Европа. Швајцарија е земја со најмалку дебелина во Европа, но и втора земја со најмалку прекумерна тежина во Европа. Но, и неколку земји како Естонија, Финска, Исланд, Северна Македонија, Романија, Словачка и Словенија кои имаат релативно ниски стапки на дебелина, но имаат некои од највисоките проценти на луѓе со прекумерна тежина во Европа.

Од земјите во регионот само Црна Гора (48,1%) има помалку од половина од населението со прекумерна тежина, додека најголема стапка на возрасни со прекумерна тежина има Хрватска – (58,1%). Потоа следат Словенија (55,7%), Грција (54,9%), Бугарија (53,7%) и Србија (52,5%).

Најшокантен факт е веројатно дека во речиси секоја земја во Европа, повеќе од половина од сите возрасни луѓе се со прекумерна тежина. Во Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%) е дури над 60%. Единствените европски земји каде помалку од 50% од населението е со прекумерна тежина се Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%), Франција (46,4%), Кипар (47,9%), Црна Гора (48,1%), Холандија (48,3%) ), Белгија (48,9%) и Луксембург (49,7%). Но, да бидеме искрени, дури и резултатот на Италија од 41,9% е шокантно висок.

Индексот на телесна маса (БМИ), според Евростат, од каде се земени и податоците, се дефинира како тежина во килограми поделена со квадратот на висината во метри. Луѓето на возраст од 18 години или повеќе се сметаат дека имаат недоволна тежина со (БМИ помал од 18,5), нормална тежина (БМИ помеѓу 18,5 и помалку од 25) и пред-дебела (БМИ помеѓу 25 и помалку од 30). Категоријата прекумерна тежина (БМИ еднаков или поголем од 25) ги комбинира двете категории пред-дебели и дебели.

Вознемирувачко видео: Куче фрлено од зграда во Тетово

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

На видеото може да се чуе плач на кучето пред да падне од голема висина, а од зградата се слушаат гласови.

Поднесено обвинение против Тони Цетински: Пејачот може да биде казнет со 8 години затвор

Специјалното обвинителство на Хрватска за сузбивање на корупција и организиран криминал поднесе обвинение против Тони Цетински откако беше утврдено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот, објави веб-страницата Империјал.

Како што дознава споменатиот медиум, на 28 декември 2023 година, заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ до Жупанискиот суд во Загреб испратил обвинение против 18 лица, меѓу кои и познатиот пејач.

Тони Цетински е обвинет дека платил за да добие лажни потврди за вакцинација против Ковид.

Обвинетите се товарат дека дале пари, така што медицинската сестра, која тогаш работела во Здравствениот дом Загреб и била овластена да пристапува и да внесува податоци во информацискиот систем на Министерството за здравство, лажно ја внесувала информацијата, дека обвинетите биле вакцинирани.

– Кој нуди поткуп на службено или одговорно лице за да изврши службено или друго дејствие што не треба да го изврши во или надвор од границите на неговите овластувања ќе се казни со затворска казна од една до осум години – се наведува во дописот.

Популарно