(ВИДЕО) Жива сум, а не сум, чувствував како да ja зезнав работата како родител: Анабела ја отвори душата за Слоба и Луна

За време на гостувањето во емисијата "Амиџи шоу" Анабела одговарала на прашања за Слоба и Луна, истакнувајќи колку е горда на својата ќерка.

- Малку се зборовите дека сум пресреќна и презадоволна како таа го поднесува ова. Длабоко верувам дека од шоуто ќе излезе како сериозна и стабилна личност. Мене ова ми е една од најчистите емоции кои сум ги видела и почуствувала во последно време - рекла Анабела за љубовта на Слоба и Луна.

На прашање кога таа најлошо се чувствувала, мајката на Луна одговорила:

- Кога побара помош од мене. Се чувствував како да сум парализирана во своето тело... Тоа беше најлошото искуство во мојот живот, жива сум, а не сум, ништо не можеш да направиш. Се чуствуваш како да си ја зезнал работата како родител, не можеш да реагираш.

ФОТО: Неда Украден во бикини го прослави својот 68. роденден

Неда Украден популарната југословенска пејачка вчера наполни 68 години. Иако ја „гази“ седмата деценија од животот, таа се’ уште важи за една од најнегуваните и најодржаните дами на јавната сцена.

Затоа и не се воздржува од објавување фтографии на кои позира во костим за капење, притоа, без да ги разубавува со помош на алатките на Фотошоп, каков што е примерот на нејзините многубројни помлади колешки.

По повод роденденот, Неда се огласи на социјалните мрежи, јасно ставајќи им до знаење на своите следбеници чија честитка најмногу ја израдувала:

Мојата прва и најдрага честитка. Фала му на Господ за среќниот и исполнет живот – денес го славам мојот роденден! Ви благодарам на сите за прекрасните желби! Ве сака вашата Неда.“

ФОТО: Сани со емотивна порака го честита роденденот на ќерката

Постарата ќерка на фолк пејачката Сања Сани Гроздановска, Викторија  денес слави роденден, а по тој повод нејзината мајка се огласи на социјалните мрежи и напиша емотивна порака.

– Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце….моето сè. Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава!, напиша Сани во описот на фотографија која ја објави на својот Фејсбук.

Инаку, претходната година во ноември месец, Сани се оствари во улога на мајка по втор пат, а Викторија ја доби сестричката Ева.

Популарно